година (имн.) - кој (зам.)

Кутрите, од страв дека се жива бласфемија во музиката, она што сакаа да го кажат пеејќи, го кажаа на туѓ јазик и тоа во годината која е прогласена за Година на македонскиот јазик.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Понекогаш ме боцка во пределот на срцето кога ќе видам како народот, биејќи се во градите со својата илјадагодишна историја, така лесно го прифаќа ритуалниот, кичест фалсификат, и со тоа е готов да ги чкртне оние години кои биле негова лична историја, неговиот мал, личен живот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Татко ја насетуваше нервозата на Камилски, поради видливото оддалечување од првобитно замислениот проект, сакајќи да ја појасни појавата на Васо-паша во нивниот план и затоа заклучи: Европските идеи во реформирањето на Отоманската Османската Империја од крајот на XIX век за кои се залагаше и Васа-паша Шкодрани, продолжија и во почетокот на XX век со Младотурската револуција во 1908 година која започна да се шири во Империјата од Македонија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Осумдесттите години кои во уметничкиот свет на Њујорк започнаа со итали­јанската, германската и француската “инвазија”, беа ера на космополитизација на националната уметност.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Тоа беше некаде назад на годината која веќе беше поодамна замината.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Животот, на крајот од краиштата, е само колаж од одделни моменти на кои се сеќаваме – колку парадоксално е тоа што во него минуваат цели денови, месеци, години кои воопшто не ни остануваат со сеќавањето и поради својата истоветност пропааѓаат во заборав.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Старо одртано мажиште, не поради годините кои ги носеше на својот грб, туку поради годините поминати во разни сплеткарења, во непотребно расфрлање на сопствената енергија, во мачо пијанчења, во неизмерливо долги часови играње покер, на(д) жени од секаков калибар и ранг, на влечење по скиснатите, извалкани подови на околните барови.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Измените на ЗВОСН од 2012 година Со измената од јануари 2012 година,48 годините кои му недостасуваат на невработеното лице за исполнување на услови за стекнување на право на старосна пензија, а кое според овој закон остварува право на пензиско и инвалидско осигурување се намалуваат од претходно предвидените 5 години на 18 месеци.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Годините кои му недостасуваат на ова лице за исполнување на услови за стекнување на право на старосна пензија, се намалуваат од 5 години на 18 месеци.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
За времето кое е предмет на оваа анализа, овој Закон претрпел 10 измени и дополнувања43 и се донесени вкупно 2 одлуки на Уставниот суд на РМ.44 Со овој закон се уредуваат прашањата за размена на трудот, правата и обврските на работодавачите, невработените лица и државата, во врска со вработувањето и осигурувањето во случај на невработеност и други прашања кои се од значење за вработувањето. (чл. 1) Со измените на овој закон уште повеќе се заоструваат критериумите при водење на евиденција на невработените, се зголемуваат начините за нивно бришење од евиденција, се намалуваат годините кои му недостасуваат на невработеното лице за исполнување на услови за стекнување на право на старосна пензија, а кое според овој закон остварува право на пензиско и инвалидско осигурување, се дефинираат серија на субвенционирања и олеснувања за работодавачите.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Ние, девојчињата на 14-15 години кои бевме во интернатот, почнавме да ја шириме македонштината.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Меѓу познатите рабини од Монастир, во авионската визија на раби Елеазар бен Цви, дефилираат стари и достоинствени ликови од една петвековна галерија на битолски рабини: Шломо бен Аврахам Хакоен, еден голем законодавец чии респонси се печатени во четири тома некаде помеѓу 1586 и 1652 година, исто така во Солун, прочуениот рабин Аврахам Фалкон роден во 1643 година, раби Шмуел Цадок роден во 1690, стручњак за религиозно судство и верска правда, потоа угледнот Бенјамин Медина роден 1730, раби Аврахам де Јехуда де Бутон кој ги напиша респонсите „Махазе Аврахам” печатени во 1795, Давид де Бутон роден на крајот од 19 век, учениот и почитуван рабин Бенвенисти бен Аврахам Гатења роден 1859 година, раби Аврахам Гер Цедек роден 1800 и Моше Шабат Камхи роден 1865 година кој инаку бил преобратеник во јудаизмот, потоа рабинот Давид Бен Шломо Папо чии прочуени беседи „Бни Меир” и „Пне Давид” се изречени во Ерусалим во 1914 и 1924 година, потоа сефардскиот мудрец инаку главен рабин од Ерусалим, д-р Ариел бен Цион роден 1913 година...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Се упатуваме со внукот кон Свети Наум.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Ја прегрнав силно, колку за сите години кои н разделија. & ветив дека наскоро ќе дојдам во Корча, да ја видам!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Тврдат педесет години која била султанија на еден од твоите ни дедовци и прадедовци и дека во тие фермани и берати пишувало дека тој крај од големата наша царштина бил подарен од некоја ѓаурка Мара пред сто-сто и педесет години која била султанија на еден од твоите прадедовци.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Меѓу моите пријателства кои блескаат со трајна светлина од дипломатските години кои ја потврдуваат на личен пример валидноста на формулата на Монтењ беше пријателството со една од легендарните личности на светската дипломатија амбасадорот Лакхдар Брахими, личниот пратеник на генералниот секретар на ООН Перез Де Куељар, потоа на Бутрос Бутрос Гали (негов близок пријател) во пресудната мировна мисија во Либан, специјалниот пратеник на генералниот секретар на ООН Кофи Анан во мировните мисии на Организацијата на обединетите нации во критичните времиња во Авганистан, Хаити, Јужна Африка, Либија, Ирак.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во тоа е можеби и смислата на дипломатијата и причината за нејзиниот опстанок во епохата на апсолутните комуникации.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ми пречи кога ќе ми се обрати некој почитуван психијатар, кој претходно ме нападнал во јавноста со зборовите: „Тој така зборува пред децата, а ние сме на истата страна во борбата против страдањето“, и испаѓа дека тој има ќерка од осумнаесет години која „одлепува“, и за која тој не сака да им падне во рацете на полициските психијатри и да добива електрошокови. Margina #21 [1995] | okno.mk 61
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Затоа ми се обраќа со молба за помош, за да не ја суредат неговата сакана ќерка.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
4. Заштита на работничките права Единствените глави на ЗРО (1993) кои не претрпеа промени за време на серијата измени и дополнувања во годините кои следеа беа оние посветени на заштитата на правата на работниците, како и оние кои се однесуваа на синдикатите и работодавците.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Тргнав кон плоштадот, и во една од уличките ме пресретна толпа луѓе – такви толпи често ѕиркав низ прозорецот на нашиот стан во Виена во годините кои следеа, но оваа толпа не беше составена од униформирани луѓе, туку од маскирани: беше време на венецискиот карневал, и секакви суштества протрчуваа сега крај мене – принцези и питачи, владетели и робови, луѓе-риби и луѓе-птици.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Одевме во ист правец, но тие одеа брзо, и јас се поттргнав, се залепив до ѕидот на една куќа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
А тој пат само со еден поглед може да се изврви...
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ги свртувам очите натаму, и што да видам: ја кренал Семјон раката над главата и го пипа стебленцето на лозата; потоа, бавно, со јаготките на прстите патува по сите кривини на дрвото, како да ги поминува низ најбавен ритам деновите и изминатите години кои само за неговите прсти оставиле траги на прачката на лозата; сето тоа го правеше токму онака како што постапи и син му, пред малку, додека ја пипаше истата прачка; некои невидливи чекори, стапка по стапка, бавни; и син му, како да настојува со прсти да го помине сиот оној пат што се издолжил по лозницата.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)