година (имн.) - ме (зам.)

ЗАПИС ЗА ТРАГИТЕ Мајсторон што си потпевнува качен на скелено - не знае, егуменкана што шета низ дворон манастирски - знае, намерникот молкум сега што одминува - не знае, старецот преплашено што гледа во залезон - не знае, јаболконо што се ниша зацрвенето во дворон - не знае, и ѕвездана што сега паѓа од небеснине длабочини не знае Каде е Таа, тајно од мене што ја наслови мојава песна и со години ме остави да чекам загледан во ветрон што ја разнесува правта на нашата прошетка по земјава, каде е?
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Тајната остана нерастајнета, грутката со години ме мачи и измачува.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Веќе имав подзаборавено, кога пред 17 години ме викнаа во болницата.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Кому досега му беше гајле што мене шест години ме стуткуваа и ме растегнуваа, додека не се претворив во некаква, од судбината осудена провинциска газела - со крупни очи и со ништо друго?
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Тој е единствено живо суштество што во последниве години ме трпи и кого јас го поднесувам во постојана близина, па како таков одлично ги препознава моите реакции.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
По две години ме пуштија.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Тој и во животот, а пред сè во соништата, со години ме прогонуваше.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Како можев да изигрувам неупатеност за да помислам на некој вид амнестија? (За жал не го сфаќав доволно сериозно укажувањето дека сепак постои разлика помеѓу убиство на човек од животот и убиството на истиот тој човек но од сонот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Исмет ја избриша потта од чело и по подолго молчење, го врза разговорот: - Тукуречи една година потоа, во утринските часови на 9 август 49 година ме разбуди дежурниот и со исплашен глас ми рапортира дека во наша насока летаат грчки воени авиони.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
По долги години ме интересираше коњоводецот каде го однесе ранетиот и дали знае нешто за него, а кога го најдов, еве што ми одоговори: Јас не бев коњоводец, јас бев офицер – лидер.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
И втора година ме мори нежива заспивам пред зори без адамово ребро липам ко плам биди мит за привиди ненасит и минатото да биде мило да биде што не било ***
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)