година (имн.) - војна (имн.)

И против Германците во Првата светска војна, а потоа и против своите: и против едните, и против другите.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Новонастанатата состојба со формирањето на македонската федерална држава во рамките на југословенската федерација, пред британската дипломатија отворила едно многу сериозно прашање на кое требало што побрзо да се најде одговор.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Поминал низ толку многу недоразбирања, толку тешкотии, си велам, акал толку многу пат, не знам колку години војна водел.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Му верував кога ќе речеше дека мрази да војува; дека никој не е во состојба да го испрати на некое боиште па дури и да му го ветат притоа патот кон Рајот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Бидејќи во август 1944 година војната сè уште траела, тоа била една од причините Велика Британија да се однесува многу внимателно со македонското национално прашање, сè до новата поделба на интересните сфери.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)