година (имн.) - време (имн.)

Таа година времето ги диктираше настаните.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Аман, бре стрико Марко! Их, ама сте ја стегнале, сте се залепиле до земја!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Знаеш, татко му од кога отиде во Јужна Америка, еве пет години време стана, нема абер жив ли е, здрав ли е.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Мојто прво либе партизан отиде три години време низ Македонија.
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
На тоа згора го викнал царот момчето на годината за да сторат есап и да му плати, да за напред, ако се погодат, пак да му биди таинџија.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Се чудел царот на тоа момче дека било токму богато, чунки една година време не му посакало пари, како што му сакале друзи таинџии на секој месец пари.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Со денеска, со утре, беше го теклифил еднаш царот да го стори таинџија за да му дават с¯ што треба за војската, и тоа беше примало, та се сторило таинџија и давало таин токмо една година време, без да посака пари од царот.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Со измената и дополнувањето на ЗВОСН од оваа година времето за кое се исплатува паричниот надоместок беше скратено за по еден месец кај сите ска- лила, освен кај најниското, кое пропишува добивање паричен надо- месток врз основа на стаж на осигурување од најмалку 9 месеци не- прекинато или 12 месеци со прекин во последните 18 месеци.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Јас така добро ги познавам сите твои реквизити со кои ја подготвуваш секоја ликвидација, што ги сеќавам уште пред година време.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)