година (имн.) - ден (имн.)

Иако првично докторите најавуваат дека повредата е со минлив карактер, сепак, после повеќе од година дена испитувања – се утврдува дека повреди- те на окото се трајни и со мошне сериозен карактер.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Целата борба за зачувување на своето работно место траеше година дена. Заврши во 2003.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во текот на тој период неколку пати оди на очни прегле­ ди во Клиничката болница во Скопје.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
С. С. е пријатно изненаден од работата на Трудовата инспекција, бидејќи познаваше луѓе вработени – кои се и на соодветна функција во инспекцијата на труд, а кои вршат злоупотреба на службената положба и овластување, или со други зборови се корумпирани.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Жена му се спротивстави: „Ти знаеш - му рече - што што претрпе ќерка ти со еднаш одложена веридба”.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Во сефардскиот печат, дури и во умерениот „Ел Тиемпо” го напаѓаа за неумерено покачување на рабинската плата, а уредникот Јицак Давид Флорентин, еден од угледните личности на Солун што ги запозна уште при првата посета на градот, дури без стегање напиша еден текст од секташки позиции: изворот на арогантноста - ѝ поминува низ мислите текстот што најмногу ги здоболе и Цви и неа - е ашкенаското потекло на главниот рабин; таму, според тој луд Флорентин, лежи причината за тешкиот, автократски и нееластичен карактер на главниот рабин, додека без срам потаму пишува дека „ние Сефардите сме луѓе со слатка, флексибилна и добродушна расположба”.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Така почнаа да го критикуваат по весниците, само година дена по неговото соединување на архирабинската столица.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Но, егзактно реконструира д-р Мертен, нашите власти во градот известуваат дека не постојат никакви нивни „различни врски”, дури ни учество во движењето на отпорот, не постои координација со италијанските сојузници по ова прашање, па сугерираа „ова непожелно малцинство” да се остави да биде десеткувано од гладот и студот...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Наскоро договоривме ерусин 15. Според обичајот, татко ѝ на Алегра реши помеѓу веридбата и свадбата да протече година дена, иако таа традиција веќе се напушташе.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Сега и недостигот на браќата што речиси пред година дена, по наговор од вујко им во Солун, ги пратија со цел, со агилниот „Техијат Јисраел“4, една од тамошните ционистички организации, да се качат на брод за Палестина и да се преселат на старата израелска земја.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Точно пред година дена, се сеќава Мертен, во центарлната команда самиот Фирер ги собра првите луѓе на рајхот и иднината на грчките Евреи беше определена, особено судбината на големата еврејска заедница на Солун.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Госпоѓата што го најави концертот кажа дека и покрај тоа што Оливие тешко можел да ја прифати поканата да свири на овој божиќен концерт затоа што сите негови термини за концерти по целиот свет се закажани година дена однапред... Ја слушав Госпоѓата како зборува: ...
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
А тие што знаеја и ја посочуваа старата куќа, каде веќе повеќе од година дена не живееше никој.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Па, јас не исчезнав! Знаете дека речиси година дена бев во Америка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Вие повеќе од година дена живеете одделно, а колку што можев да разберам од вашето кажување, и вие не сте биле задоволни од тој брак, од тоа семејство.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
А јас пак се чудам на истото тоа, само обратно: скоро година дена кампањи, агитирања, митинзи, трибини, јавни дебати, плакати, билборди, реклами, налепници, беџеви... и ниедна глава да падне, ниедна кола да пламне, ниеден излог да искршат, ниту некого на улица да малтретираат, ниту некого да замаваат со камења, ниту еден јавен собир со молотовки да финишираат, ниту троа реваншизам да видиме, ниту некој без работа да остане, ниту еден живот да остане упропастен, ниту троа калашников да проработи?
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Така со шишето на гуша ќе минеш низ четири сни.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
До пред година дена земав по три леба дневно, сега јадам еден дневно. Не оти немам апетит. Ами како...
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Чекаат да ја видат баба Донка зарадувана, и, кога во плевната ќе се надомести она што пред година дена го одвлече водата, тогаш сосем искрено ќе ѝ ја кажат вистината.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
КОМШИКАТА (веќе ноншалантно): Знаеш, година дена помен на вујко ми, а и времево е убаво, да се прошетаме малку.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Одмерува чекори напред и назад. Година дена е под оружје. Во изминатите месеци ги запозна границите на човековото величие и понижување.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Дома за Циљка пред сѐ беа баба и дедо и помалите сестрички и братчето, кон кои беше така приврзана, како водата кон брегот и како птиците кон небото, а кои, ете, скоро година дена ги нема видено; дома беше и огништето, кое најмногу го сакаше тогаш, кога надвор врнеше снег со големи партали или кога завиваше северњакот зад прозорецот, а во спузата се печеа костени и компири и во поллуосветлената одаја единствено се спушаше прскањето на искрите и тивкиот глас на дедо кој им раскажуваше приказни и тие, внучињата загледани во него, едно подруго заспиваа со убавите самовили и со лошите змејови под клепките.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ете, скоро година дена само прашува, чека вест да стигне.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
САРА: Колку време работите кај татко ми? СТЕВО: Година дена.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
СОЊА: Се всели во твојот стан пред година дена. БОРИС: И? СОЊА: Ете. БОРИС: Уште е тука? СОЊА: Спие.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Тој Херцог за година дена од приправник ме направи референт.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
БОРИС: Година дена не си го видела синот?
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Кога ќе се сетам дека пред година дена бев обичен дебармаалец, без работа, без перспектива и кога ќе се споредам со ова што сум денес гледам каков напредок сум постигнал.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)