година (имн.) - затвор (имн.)

Русокос, висок, тенок и убав како нарисан, уште малечок, во 1947-та, кога татко му Ѓоре Дамчески и деленицата нивни Божин Дамчески Штркот паднаа во затвор, беше се завлекле во Методија Андонов Чентото и Ѓорета го осудија на девет а Божина на единаесет години затвор, мајка му, Илинка Дамческа, на која останаа другите пет деца, алипниот свекор Блаже Дамчески, и сиот немал имот, го даде кај делениците во Прилеп да изучи за ковач, што сосема, сосема не му одговараше на ликата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
По, сепак, Атанас, тих и срамежлив, го изучи занаетот, израсна во вистински далјан.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но кога, поради својата приврзаност кон Октомвриската револуција и СССР, ќе настрада како жртва на Информбирото, ќе одлежи четири години затвор и потоа ќе добие некаква маргинална служба, многу ниска со оглед на неговите несомнени научни и револуционерни заслуги, и покрај опасностите повторно да настрада доколку беа откриени неговите западни книги, ставени под индекс од тогашните сталинистички идеолози, Климент Камилски продолжи уште поангажирано да собира нови и таинствени книги.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се разбира, ниту еден судија не сакаше да им пресуди онолку години затвор колку што заслужуваат.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Ѓошо, Петар и Иван Попјорданови биле осудени на по 3 години затвор.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Повеќето од уапсените велешани, според некои податоци, биле осудени на 3-5 години затвор.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Бил осуден на неколку години затвор поради тоа.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Таа пак беше осудена на 12 години затвор затоа што танцувала со некој Французин. Премрежиња разни.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
По Велигден хорофилаците го зедоа со седум други души во астиномијата.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Седи си мадро и не прави будалштини.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Две години затвор во Кожани. Кога си дојде дома, ми рече: - Јас, Ристанке, ќе си одам во Америка.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Кога си отиде Германецот и пак дојде Гркот, тогаш Ристо мој одрами пушка.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Кога се вратив во селото него не го најдов, во меѓувреме самиот му судел на агрономот и му пресудил со пиштол и како што му пресудил со сѐ топол пиштол се пријавил во полицијата. Пресуда - долги години затвор.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Самата казна е доста ригорозна: од една до пет години затвор – бидејќи овој акт доби третман на кривично дело (чл. 2, ЗИДЗРО/јул.01).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Ме осудија на две години затвор. Но по неколку месеци, таа самата побара да бидам ослободен.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
и еден ден се појави полковиот командир, на еден бел коњ, коњот игра, не гази на земјата, беше бил заробен од Англичаните, и кога дојде му даде команда на ротниот командир и на другите офицери да се тргнат подалеку од војниците, и тие сите се тргнаа едно двеста чекори, и полковиот командир не прашува кој каква мака има, или некоја поплака да има, и излезе еден, Ристе се викаше, а тој пак сето време само главата навалена и само зачуден, и со никого ни а, ни бе, и мајката, си мислиме, на толку молчење, сега најде да зборува, а тој ти имал мака, полкот негов ја збркал работата, а го окривиле и Ристета и го осудиле седум години затвор да лежи по завршувањето на војната, и Ристета цела недела пред тоа го учел еден адвокат од Скопје како да се пожали, го вежбал за докладот, како да се претстави и како да се поплаче и Ристе станува, јас бев часовој, вели, кога стана тоа, а имам и часовник добиено за храброст, ама јас не бев таму, кај што стана колењето и му кажува сѐ како што било,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)