година (имн.) - мајка (имн.)

Така поминуваа години во кои Бенвесниста беше далдисана во исчекувањето на синот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Следните денови оти денови пред Нова година мајката Перса ја забележа промената кај Пелагија и не ја остави на мир додека не ја натера да ѝ раскаже што се случило на денот кога падна големиот снег што го има завиено во бело целиот град.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Во летото 1922 година мајка, Роза и сите од домот на Зигмунд беа на одмор во Виенските шуми.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Беше спарно лето, сѐ испаруваше и градот трепереше пред очите, како да се подготвува да се растопи во горештината.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Со текот на годините мајка му се повлече дома, се зафати да се грижи уште повеќе за помалиот син, но овој, несвикнат на работа, брзо се даде по ашикување и уште побрзо се ожени со некоја унгарска монденка во новиот темен костум на риги што му го соши брат му за „велика матура” склучувајќи, како што слушнаа од добри луѓе кои доаѓаа од Преку8, граѓански брак во некоја од општините преку Сава.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)