година (имн.) - отсуство (имн.)

Марин Крусиќ, по години отсуство поради болест на коските, сега почесто се задржуваше во Скопје, каде во истовреме помагаше околу поправањето и доградбата на Куршумли-анот, та имаше можност да се среќава одвреме-навреме и со својот стар пријател кој крај езерото му купи една од библиите на германскиот златар, а и еден Молитвеник на кирилица.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Можеби затоа, по години отсуство, го чувствувам оној непријатен грч во градите, додека се гледам во нејзиниот сон со сивата осумкатница, чувана од гардисти со жолти панделки на испегланите сини униформи.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)