година (имн.) - разлика (имн.)

За целото време, бев изненаден и некако засрамен – зашто ги гледам промените на нејзиното лице (тело ѝ е сè уште витко).
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Ова беше, значи, наше второ видување, иако за време на студиите, не знаејќи еден за друг, учевме на ист факултет, само со година разлика.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
- Како не знаеш? И вие сте меѓу себе седум години разлика, како јас и Дена.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Знам дека ми се ближи роденденот, и дека сакав оваа година да го прославам со Џон (тој е на 14-ти, ја на 7-ми, три години разлика), да свириме во шест попладне помеѓу зградите на Астор Плејс, кај што он вика дека саксофон звучи магично.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
- Кој ја есапел тетка ти Оце тогаш! – се насмеа тетка ми Ана – не сме ја ни забележувале дека постои.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Јас и таа бевме нецели две години разлика во возраст така да многу приателки ни беа заеднички.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)