година (имн.) - татко (имн.)

Се зборуваше дека следната година татко ѝ и мајка ѝ ќе ја поведат назад на Земјата; таа сметаше дека тие тоа треба да го сторат, иако тоа чинеше илјадници долари.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
- Ама... - На десет години татко ми ме научи да возам.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Онаа што му даде живот Таа година татко ѝ се прежени.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
За една година татко ми услеал да го врати долгот и да почне да живее еден, така да речам, пристоен „нормален“ живот.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Таа година татко ми купи едно овне.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Еднаш, на млади години татко ми спасил глава со еден таков златен наполеон кога една странска војска за време Големата војна го затворила поради немирењето со новиот окупаторски режим.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ако доаѓа идната година татко ми, доаѓам и јас...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Во 1927 година татко ми купил куќа и земја од некои Турци (Торбеши) кои масовно се селеле во Турција.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)