година (имн.) - кон (предл.)

Со измените од 2004 година кон овој член се додаваат два нови члена.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Со тој вид на литература тој се користеше, може да се каже, експериментално: во 20-ите години кон таа форма се обрати Набоков- поетот, а во 30-ите - Набоков - прозниот писател.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
4 Тој поп, тој долгман во мантија Доситеј Давидовски!
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кутриот чичко убаво се надеваше дека одличното знаење на англискиот јазик, познавањето на британската и американ­ската култура ќе ги стави во служба на што подобрата соработка со УНРРА, свртена во тие години кон безуслов­на помош на изгладнета Европа, посебно Балканот и Албанија, во тие први повоени години.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Толку долго бил врзан за минатото со спомените и сеќавањата на некогашните жители од селото на кое му служел што изгледало дека зачекорил рамно од онаа илјада осумстотини триесет и петта година кон чадливото завршување на Втората светска војна: воскреснал, ја стресол земјата од топџиските раменици и - еве го, пратеник на заборавените, сеедно што пред патот на четириесет и тројцата терачи на двоколки, а и потоа, се одигрувале и поголеми и позначајни настани за кои светот знаел од папируси и пергаменти, од паметници и книги.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)