година (имн.) - по (предл.)

Судскиот буџетски совет ќе ги префрли одобрените средства на сметка на жалителот по добивање на податоци за сметката.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Средствата на депозитната сметка ќе останат на располагање на жалителот најмногу една година по нивното депонирање.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во светот почна студената војна, малку години по заедничката борба на голем број земји против фашизмот. Историјата го чинеше своето.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Умре една година по дедо ми.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
- Барем сита ќе си умре, рече!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
За маниристичкиот „поредок“ Некаде околу 1580-та новите елементи на знаењето од настанувачката природна наука почнуваат да го потиснуваат повеќезначниот свет на тнр. magia naturalis, иако тие два света, експерименталистичката научност и магиско-природофилозофски концепт уште многу години по 1660-та интерферираат.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Условите за добивање на оваа субвенција е кај работодавачите да нема намалување на бројот на вработените на неопределено време три месеци пред денот на вработувањето на нови работници, освен во случаи на смрт или пензионирање, на вработеното лице да му се исплатува најмалку минимална плата утврдена со закон за полно работно време, обврска да се задржи на работа ова лице уште две години по завршувањето на периодот на субвенционирањето, кој пак исто така изнесува две години од денот на стапувањето на работа на работникот.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Во 1878 година по Сан Стефанскиот мир и по Берлинскиот конгрес Бугарија доби автономија под суверенитетот на султанот и стана Кнежевство, а Србија и Грција добија целосна независност и станаа Кралства.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тие ми прилегаат на дервишите кои ги гледав како дете од отворениот прозорец на една визба во Скопје во првите години по војната.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Врел, изгорен од сонце јули, една година по битката...
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Пренесувајќи ја таа улога од женски на машки субјект и изведувајќи ја години по ред, италијанските вдовици од Фајер Ајленд ја преувеличувале, ја денатурализирале и ја театрализирале, а ефект од тоа било што се привлекло внимание кон нејзините изведбени димензии и што станала уште позасмејувачка.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Оваа прва Нова година по земјотресот знаев дека скоро никаде нема да се пречекува во градот така како други години.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Утрото, дваесет и шестиот ден од месеца цутара, втората година по Големата војна, миропомазаната жена на Пане Липовдолски (одамна упокоен) осудесет и едно годишната Лена, шевелеше низ куќи, се вѕираше час во ноќвите, час во амбарите, во потонот, во малата и големата одаја, во гредите над чардакот, по ќошињата на дворот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Со години по големата војна, народот ја градеше слободата, а слободата ја градеше народната власт.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Тоа беше неколку години по втората средба, но сега во дворјето на еден забит манастир во кој се најдов со група писатели на пат по Романија, некаде меѓу Куртеа де Арџеш и Крајова.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Секоја година по едно скалило качувај се нагоре, ми вели, мрдни го газето, ми вели, и ме држи со испуканите дланки што навечер ги мачкаше со сало и со коломас за да му смекнат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Дванаесет години по раѓањето на Нобел, пронаоѓачот на динамитот, се раѓа Рендген, првиот добитник на Нобеловата награда; до денес „Х“-зраците не ја откриле тајната на човековата душа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Колку минало од тоа време - човечка воздишка, нели?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тогаш, две години пред раѓањето на српскиот социјал-утопист Пелагиќ и две години по смртта на францускиот социјал-утопист Фурие, припадникот на движењето Млада Германија, Гуцков, проповеда во својата литература еманципација на жената напаѓајќи го црковниот брак; во Македонија, негде во Леринско, потурчени се сосила три девојки, четвртата е силувана и оставена на пченкарна нива со пресечено грло, и убиен е негде во Скопје поетот мечтател Селџик-бег, Турчин и заштитник на православната сиромаштија; мртов не ќе го види уништувањето на шумите на тој народец кога во Европа почнува засиленото садење на борови.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во таа година Балзак објавува една од своите сто и повеќе книги (Чичко Горио), и со заслуга на Василиј Априлов во Габрово е отворено првото бугарско народно училиште.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Го обвинува, повеќе години по распадот на Југославија, за хазардерски геополитички покер меѓу Запад и СССР со социјалистичкиот блок, за мајстор на византискиот болшевизам, за манипулатор со неврзаните во постколонијалната ера, (особено Египет, Индија, Алжир, Индонезија и други, како и Палестина на Арафат и Тунис, земји на моето служење како југословенски амбасадор) кои сакаа да ја обезбедат историската дистанца од западниот колонијализам.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во далечината јато жерави се спушташе кон копното, упатено до еден од најголемите птичји резервати во светот, во една од нивните можни гробници, кога по илјади години по последните летови завршуваа во фосфати Најпосле помислив на писмото што требаше да го напишам на Мајка.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Макар што содржината на оваа дисертација десет години по нејзината одбрана во Париз, во неговата родна земја може лесно да го чини глава, според тајните домашни универзитетски рецензенти жедни за брза кариера и подготвени да му го заземат местото на можеби единствениот докторанд, во докторскиот труд на Климент Камилски вриело од „прозападните декадентни идеи во воспитувањето“ кои не биле во согласност со социјалистичкото воспитување на детето и доминирале просоветските идеи во времето на Информбирото во неговата земја!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во тоа време, посебно во првите години по соборувањето од власт на претседателот, човек можеше и да изеде ќотек на улица од хулиганите од подмладокот на гардата ако е излезен со малку подолга коса, ама, веројатно, младите гардисти беа премногу зафатени со пиење на лоша ракија, а Стојан не беше будала дотаму да форсира силеџиство, кое, на некој начин не водеше никаде.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Во годините по Револуцијата таа беше во ситуација да ја заземе оваа командна позиција речиси без отпор, затоа што целиот процес беше претставен како акт на колективизација.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
По дваесет и седум години, што значи дваесет и четири години по смртта на Бах, баронот Готфрид ван Свитен, кому впрочем Форкел му ја посветил својата биографија на Бах, а Бетовен својата прва симфонија, се сретнал со кралот Фридрих накратко, и за таа средба вели: Тој [Фридрих], меѓу другото ми зборуваше за музиката и за еден голем оргулист Бах што живеел извесно време во Берлин.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Па таман толку еден среден орач наоѓа во Витолишча што кале цела година по полето со сето семејство.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ако млади си години по друмишта, по патишта в младост горка распосејав - погледни ми право в очи: ти ли беше што пееше „Ајдутин мајка не рани...
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Многу години по Татковото заминување, кога ќе светнеше жолтата ламба среде татковите книги, ние верувавме дека Татковата душа е тука, крај неговите книги кои таинствено, во долгите ноќи, продолжуваше да ги прелистува Мајка... ***
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Кога се ближеше 70–тата година од нејзиниот живот, една година по смртта на брата си, ја доби црвената виза за патување барем до неговиот гроб...
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И така Ервехе се подготвуваше по дваесет години да ја мине македонско (односно југословенско) албанската граница во есента на 1974, една година по смртта на брата си Бубуш.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
„А уште завчера ме уверувавте дека христијанството е во корените на вашиот народ уште од првите години по Христа“.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
„Доста со тоа!“ „И повеќе од доволно! Овде во оваа чемерна пустелија не можам да кажам ни која година е оваа!“ „Деветстотата година по Христа.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
За реализирање на таа цел, британските експерти одбрале тројна стратегија: поморска блокада, постојани воздушни бомбардирања и „субверзии“ на нацистичката управа во окупираните држави.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Пред британските стратези, во годините по паѓањето на Франција во 1940 година и по германската инвазија на СССР во 1941 година, се поставило прашањето на кој начин Велика Британија, на која во тој период ѝ недостигале сила и војска за да се истовари на европскиот континент, ќе може да го ослаби Рајхот и како да му нанесе конечен пораз на Хитлер.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Та затоа акам толку години по планињето?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)