година (имн.) - негов (прид.)

Кој знае како мина оваа година неговиот роденден?
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Иако е патентиран, никогаш не е влезен во комерцијалното производство, но во седумдесеттите години неговата употреба како помошно средство во психотерапијата, стана тренд во Соединетите Држави.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Пред шест години неговиот професор ја затече својата жена со еден маж пожарникар - млад русокос вол и со оперетска насмевка, ја затече гола како вистина и побеле за неколку ноќи. После, по една очаена решеност на полулуд човек, му го испираа отруениот стомак и се бореа во болница да го спасат; студентите се чудеа: ако е веќе курва зошто ја остави.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Братучедот Герман, ако се сети, без проблем ќе прескочи преку авлијата и на овие години неговите.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
На седум години неговото име е променето во Ле Гак, според очувот.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Но изгледа ти не ја чувствуваш таа смрдеа, та ме кандисуваш и мене да се потурчам за да бидам пак јас две-три години негова.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)