година (имн.) - нов (прид.)

Сега треба нови, а како може секоја година нови? Божем оваа држава е крава молзница!“
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Електронските мозочни орудија се менуваат толку брзо што секои петнаесет до дваесет години новата генерација создава нов вид.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Секој стадиум на човековата култура дефинира меметичка еволуција во однос на неговите медиуми, неговиот јазик.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
од секаде ги бркаат домородците, а ако излезеш еднаш, враќање нема, си фрлил камен зад себе, оние што се инаетат ги клукаат со сол, а вода не им даваат, ги полнат со рицинус, со струја и со спици, со киселини и со куршуми, со гол газ на гол мраз им го бришат паметењето, да немаш родно место, да не спаѓаш никаде, склучува договори и со Бугарија и оттаму си ги зема Грците, а Македонците ги брка во Бугарија, секаде ги поттурнуваат, им ја истргуваат земјата од под нозете, на ненадејно ги фаќаат; жените велат: не ни чинат мажите затоа е вака, а никако не си и никако не е; секоја година нов ветер, нова вејавица,
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Нашата партија тоа го увиде на време и во 1967 година, како што ви е познато спроведе тотална забрана на религијата, а од 1976 година новиот Устав одреди албанската држава дека не признава ниедна религија и работи на атеистичка пропаганда.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)