година (имн.) - помал (прид.)

Томе беше доста ситен, а згора на сѐ беше три години помал од Дора и од Ане.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Тоа доминантно зборување веќе го чувствуваше кај сестра му, иако беше цели шест години помала од него.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Се сетив на лебот и на мајка ми и пребледев.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Забележав дека и сестра ѝ на Бистра јаде од лекот, иако беше две години помала од мене и не одеше дури ни во забавиште, ама ништо не реков.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)