година (имн.) - стар (прид.)

Во четириесеттите, кога битниците беа меѓу три и осум години стари, нивни домашни медиуми беа радиото, филмовите, плочите, книгите.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Иако не умее да ги прочита, Константин знае што тие означуваат: тоа се еврејски записи на имињата и презимињата, епитетите, датумите на раѓањата и на смртта и епитафските пораки на надгробните споменици од луѓе закопани, некои и претворени во прав и пепел, на штипските еврејски гробишта, од тој бизарен мермерен мајдан на завршени човечки судбини, од тој неколку стотици години стар скаменет дел од штипското градско сеќавање од каде се земени старите надгробни плочи на вознемирените покојници и се вградени во основата на базенот од Кежовица, бањата со лековити термални води.  Тие води не му помагаат на Константин.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Иако се сметаше за умен, Пишпирик немаше одговор на ова прашање.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Припадниците на повоената (беби-бум) генерација се телевизиски гледачи - биверси на 50-тите и вовлечени во хипи движењето во 60-тите.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тоа ми го претскажа од дланка пред една година стара вражалка.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Папата... Папата е дојден по идеолошкиот пекол во Скадар, градот маченик, во кој било жртвувано две илјади години старото верување, за да ги освети првите четири нови бискупи и да го охрабри троверниот албански народ во повратеното верување, од чии недра се извиши до универзална добрина светицата Мајка Тереза.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Овој човек, вака слаб и жилав, триесет и две години стар, нехранет со силна храна, или пак слаб заради работата што ја работи, се нафаќа да се фати за гуша со оваа голема работа на копањето на бунарот, да слезе долу и да ја најде жилата на која јас веќе толку многу мислев и веќе повеќепати го доживеав моментот на појавувањето на водата, иако копањето не беше ни почнато.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)