година (имн.) - еднаш (прил.)

(...) По читањето на осудата на Галилеј му бил приложен образецот на отповикувачката изјава. okno.mk | Margina #32-33 [1996] 86
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
(...) (Образец на отповикувачката изјава) Јас, Галилео Галилеј, син на Винченцо Галилеј од Фиренца, стар седумдесет години, што лично дојдов пред овој суд и клечам пред вас, крајно еминентни и почитувани кардинали, големи инквизитори на сето христијанство против кривоверството, загледан во светите евангелија, што ги допирам со сопствените раце.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Те осудуваме на официјален затвор на овој инквизициски суд, нашиот расудувач, како благословено покајување пак ти наредуваме да ги изрекуваш во наредните три години еднаш неделно сите седум покајнички псалми и си го придржуваме правото делумно или во целина да ги промениме, дополниме или отповикаме изречените казни и покајувања.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Така тетка Перса слушна дека армасникот на Деспина е оној што на времето нашарал една молба до властите по која молба тие и го добиле станот во Чаир, а откако си заминаа, речиси во самата квечерина, Пелагија ја дополни приказната за Атанаса, за неговата мајка Вета која со години еднаш во неделата го изодува патот од Мичурин до гробиштата каде што си поплакува на гробот од ќерката која со дваесет и две години си заминала уште во педесет и втората.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Јас тоа го извршував со такви напори, што на осум години еднаш го видов татко ми да ме земе за рака.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Штом ја загледав околината, јас решив дека за почеток, треба да пораснам.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)