година (имн.) - тука (прил.)

Душата голема се затвора во процес за оние што будни со години тука спијат.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
По десет години тука ќе има голема шума“ објаснуваше Мими.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Го заградија просторот околу нив, го забранија пристапот, и со години тука истражуваа археолозите, мереа, кружеа, сè дури не открија траги на возрасен човек со секира крај себе и скаменето новороденче крај него.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Тоа беше нивниот брак. А денес, по шест години тука седеше вујко Ејнар.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)