гордост (имн.) - ја (зам.)

Згасна и последната светилка во мракот ѕвездите ги проголта густа завеса од облаци мракот ко надојдено море плиска по споменот гордоста ја побарав во тажните сништа...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Во главата стои твојата гордост, ако ја скршиш главата, гордоста ја нема, тебе те нема, светот го нема, ништо нема.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Оти кажано е: кога гордоста ја почитуваш, таа кон тебе свирепа е и сурова, а ако само собереш сила да ја презреш, ќе ја скротиш. Но јас сила таква да му се спротивставам – немав.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)