гордост (имн.) - во (предл.)

Како да ѝ се враќаше стивнатата гордост во годините на егзилот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Јас не мислам дека преостанало многу гордост во тебе.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
” Сиромав човек, си реков, кому уште можам јас да му помагам, по она што ми го рече како да ја разбуди заспаната гордост во мене, не, не можев јас тоа да го правам, знаев повеќе од сé дека тоа си е така, влегов во гарсониерата, набрзина ги собрав пљачките во една патна торба, ја заклучив вратата зад себе и покрај здрвениот човек на скалите излетав надвор.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Се меша зеленото мастило со црвената крв: надежта отпочинува под сенката на муренката пред лутиот бој со смртта. ем молчат, ем бијдат брановите: доаѓаат нови поплави од тага за докусурување на дваесетиот век. секое листе на белата муренка им прави сенка на мечтите на сите кои умираат со гордост во погледот.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Најпрвин, додека го слушаше, се исполнуваше со гордост во зацврстената верба дека Езерото му остануваше дефинитивна Татковина.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Геј-идентитетот тука се изразува преку безгрижно придржување кон мажествените родови норми, како и преку пристојна, иако скромна, гордост во држењето, додека истополовата желба се пројавува во прифатливиот облик на брачна врска (Даниелс, всушност, навистина носи бурма, барем кога исполнува рецитали).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)