господин (имн.) - војвода (имн.)

— Море, арно со мудурот ќе свршиме, господин војводо, токо кога ќе разбере Џавидпаша кај ќе одиме? — се провикна некој од купот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се позамисли малку, стана со манлихерата в раце и луто, сиот возбуден викна: — Јас, господа војводи, не се покорувам веќе на вашите наредби и од денеска не идам со вас да ја спасувам мојава глава. Не ја напуштам родната земја дури главава стои на рамената.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Така, господа војводи! Овде ќе се чукнеме со аскерот и ќе го скинеме обрачот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ѓорѓи го поздрави Гоцета со „господин војвода“ а овој го праша Толета. — Од каде довтаса, бре јуначе?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Ами, метлата, господин војводо! Мислиш не ќе познаат агите оти ваа работа не е мариовска?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Каде ќе оди аскерот од Мелница? — праша Толе. — Ами, којзнае!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Нѐ истепаа ноќеска Турците, господин војводо, — му се поплака момчето и му ги покажа сињилата по образите и вратот од Расимовиот камшик.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Како сте, Пере, Петре, Луко, Митре? — им се обрна љубезно Ѓорче на своите другари и единомисленици, па колку за адет ги поздрави и Борисовци: — Како сте и вие, господа војводи?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Кажувај, Ѓорче, кажувај какви новини носиш однатре.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А гледате ли? Највисока е од сете ридишча на Селечка, — им го правеше Толе планот и им ја покажуваше високата чука „Маргара" над селото Чаниште во мало Мариово.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Каде вака, бре браќа, без препита и изим влегувате во туѓи куќи? — почна Толе половина на шега, половина навистина.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Дај и Тодоре ножиците да го направиме господинот токмо мариовец, да не си a земите обата бељата по Маково.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Збогум за навек, народни предавници! — плукна пред Бориса и се оддели од нив, цврсто решен да не го остави народот во најтешките страдања.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Добровечер, господа војводи! Добре дошле во куќата моја!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)