господин (имн.) - капетан (имн.)

Ќе ги испадиме, господин капетан, рекле двајцата наеднаш.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
За тоа време тој беше казнуван неколкупати.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Разбирам, господине капетане! - одговори Гоце, поздрави и се врати назад во стројот на своето место.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Господине капетане, тие велат дека се Срби.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Господин капетане.“ Рапав глас: „Господин капетане...“ Застана. „Тие се недоверливи. Заостануваат“.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Господин капетане. Зора е. За човек во униформа доволно е толку спиење.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
„Можеби качаци ги имаат отепано, господине капетане... Крстосуваат околу селово и прават пакост...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
„Ве молам, господине капетане, не уништувајте го селово...” му рече сликарот.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
А сега само: чкрап! - со прстот на пушкава и сѐ е в ред: ќе го свиткам како јариште и ќе отрчам со радост да му соопштам на господинот капетан.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Господинов капетан вели дека и пари ќе ти дадеме ... Така, душо ...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
- Сега не знам од кои сакате, господин капетане, му велам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Што треба да направам, господин капетане, велам, речете ми и јас ќе го направам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Колико си у војсци, није то коломас, Маричиќ, не подмазујеш волујска кола, сето време сум на фронт, господине капетане, не шкљоцај у празно, Гвозденовиќу, одакле си, од Македонија, тукашен сум, нож и ножнице на крају, Пешиќу, чија je Македонија; сега - засега ничија, све иде кроз нишан и мушице, после како ќе речат големите и господ, големи смо ми Мегленовиќу, оќу сунце у цев, дали би побего, кај ќе бегам господин капетане, сега сите војски на светот се во Македонија, јужна Србија, Мегленовиќ, не ми паѓа на ум да бегам, велам...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Вечерта го сретнувам капетан Мирковиќ, застанувам мирно и му велам: - Решив, господин капетане! - To je твоја ствар, ми вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Многу ми се дожалило за децата, господин капетане, му велам. Ако може да ги видам, му велам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Знам, господине капетане, разбирам, велам, и пак се мачам да заденам разговор.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)