господин (имн.) - во (предл.)

Тие со Алекса Баба се согласија и му купија на новото попче Петка цел такам црковни одежди за да му се најдат во последен час — за закоп, господ да чува, оти попот не може да излезе пред господа во мирјанска облека.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во периодот од 1960-63 студирал англиски јазик, историја на уметност и историја, а меѓу 1963-67 бил студент на сликарство во Лондон.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Но, откаде еден Англиски господин во друштво на фантазери “изгорени” од италијанското сонце или со француската традиција на восхитување пред злото?
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во овој случај, да парафразираме еден од тие “црни” Французи - Бодријар: голем се станува единствено со побуна против сопствената нација, со востание против владеачките (викторијански) вредности.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Целата улица беше затната од автомобили, кои се паркираа поткачени на тротоарите и од лево и од десно на сокачето, а од нив излегуваа господа во костуми и капути до под колена, како од американски филм.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ина покажуваше кон нас, и аѓутантот, постар господин во црн костум со бордо пеперутка и со бела коса, дојде и на лош српски јазик нѐ замоли да си одиме.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Седевме со Анастас на палубата од бродот и гледавме како отепани од господа во бескрајната вода и пенливата река што бродот ја оставаше зад нас.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Отворено искажуваше сомневање дека господата во бели мантили ја искористиле грешката што ја сторила при обидот за премин во другото време за да вградат во нејзиното кревко тело железни прачки.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Тие мислеа дека вградувањето на железни прачки ќе ме одврати од намерата да летам.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)