господин (имн.) - од (предл.)

Ова е Игор Олегович Куприков. Запознајте се. А ова е господинот од весникот; од „Сонце“: за да направи интервју.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Третиот господин од публиката крај бунарот, Џорџ, Ѓорѓи Шумка, човек со грло и со глас што ги раскостуваше ридјата наоколу, рече дека се копа на погрешно место, дека тука вода не излегува, но дека местото е многу добро за гаража. „Јес, мистер“, ми рече мене, „добро е за гараж“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Господата од Министерството ја фураат истата принципиелност (патем, убиствена спрема сите помали и посиромашни издавачи ко што сме ние), а згора на тоа и тие немаат пари.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)