гостин (имн.) - во (предл.)

Џим Морисон стана чест гостин во Ондин, а Дорс свиреа уште неколку пати.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Сите девојки полудеа по Морисон - брзо се рашири веста дека постои некоја група со многу сладок и многу секси пејач.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Ете, на еден ваков истурен јазел се наоѓа Уј, па близу него Белгиските Ардени, па уште едно место како Уј - Варем, кое овде е познато и по тоа што е родно место на Лебуртон, еден од претседателите на Социјалистичката партија на Белгија, кој оваа пролет беше гостин во Македонија.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И така, додека за миг, речиси, од нога, ѝ бев гостин во „Валенхоф“, секој нешто ќе испиеше, ќе ја погледаа сервирката на стереограмафонските мелодии и ќе си заминеа.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
— А не можеш да одиш на гости во Градешница?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кате ги наведе очите, бидејќи Адем така го учеше и му забрануваше да им гледа на гостите во суратите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Најнакрај, пред големата воздишка, грнчарот сфаќа дека додека го лепел грнето бил почесен гостин во времето во кое среќа е да имаш среќа и кога никој не те гушка од среќа.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Се викам Дејзи и многу се радувам што сте од Европа - нѐ пречекува малолетното девојче кое ги опслужува гостите во ресторанот Хуан дел Мар на плоштадот Санто Доминго во Картагена.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Каљостро:Здраво Дебил. (гостин во емисијата) Дебил: Здраво, Зомбина, здраво Ајвар.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Дебил: Ладно, студ со вилушки бодеш.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Кракатау:Добро.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
- Името да не им се чуе, - рече дедо Иван и го вовлече својот гостин во колибата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Кога ќе влезеш в дуќан, те гледаа како ненајавен гостин во еден после полноќ.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
- Откако умре мајка, вие сте први гости во куќава, вели Левтерија, и го врти чепот, ама не може да го одврти. Јас го оставам фенерот на земја, се наведнувам да ѝ помогнам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Војната беше заедничка мака за луѓето, и пак секој човек за себе имаше и своја мака, неизбежна гостинка во човешки домови.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Се сеќаваш, неколку пати ви зборував за неа. Еднаш дури бев и нејзин гостин во Белград.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Еве веќе една недела е моја гостинка во Бечеј.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Бидејќи моето Качарево е појужно од вас, на 30 . април јас ќе ти бидам гостинка во Нови Сад, а следниот ден сите заедно заминуваме во селото.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Го снема и исчезна суштеството, од никого незаштитено, никому мило, никому интересно, суштество кое не обрнало внимание врз себеси дури ни на еден природољубец, кој не пропушта можност да набоде на игла обична мува и да ја разгледа под мискроскоп; суштество што покорно ги поднесуваше канцелариските подбиви и кое без каква била особена причина слегнало во гроб, но кому сепак, иако пред самиот крај на животот, му блеснал светол гостин во облик на шинел, оживувајќи му го за миг бедниот живот, и врз коешто исто така неподносливо се струполила несреќата, како што се струполува врз царевите и врз господарите на светот...
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
На тој начин во департаментот се дознало за смртта на Акакиј Акакиевич и, следниот ден, на неговото место веќе седеше нов чиновник, значително повисок по раст и кој буквите веќе не ги испишуваше со толку исправен ракопис, туку многу понаведнати и покоси.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Томаица беше цело време позади бината, спремајќи и облекувајќи ги моделите заедно со Тамара, додека Исидора беше со гостите во салата.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
„Така е.“ говореше дамкосаниот Петко Самоников, неделен гостин во селото; граѓанката со која се ожени се влечкаше по него кивавичава и со тажни очи.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Војната беше заедничка мака на луѓето, и пак секој човек за себеимаше и своја мака, неизбежна гостинка во човечки домови.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Со таквото сознание на Ема ѝ бликна љубов во градите, очите ѝ заискрија со почит кон госпоѓа Мариела која во тој момент се павкаше со ладалото, канејќи ја својата гостинка во трпезаријата на мала закуска.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Горчливите сознанија и соочувањето со вистината идат апансас, како неканет гостин в зори.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Си го поминав животот како што сакав... Ѝ дадов на душицата сè што бараше, зашто знаев дека е гостинка во мене - еден ден ќе ме напушти...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Наскоро стана и чест гостин во нивната куќа. Никогаш со празни раце.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Јас и Бил се согласуваме речиси во сè, освен во една работа: тој смета дека неодамна требаше да ја викне Кери Вошингтон како гостин во своето шоу, додека јас мислам дека тоа требаше порано да му текне и почесто да му текнува, барем до промената на власта (во Бушовиот режим Кери е лута опозиционерка, а лутината преубаво ѝ стои).
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Бил Маер е омилен гостин во нашиот дом. Секој петок во осум навечер затвораме врати, гасиме светла, исклучуваме телефони и го гледаме неговото шоу.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Кога почувствува дека сите нејзини синови и ќерката се доволно моќни за да го понесат семејниот товар, таа остануваше само сакан гостин во нивните куќи, со речиси точно измерено време, кај секого.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
„Мило ми е што си дојдена, Рајне, ама јас не чекам гости во дуќанот“, ѝ рекла тогаш Трајчеица, и тоа само за да си ја поништи горчината, така барем велеше дека ѝ рекла, но Рајна студена како мразулец, само се насмевнала, „и тоа со половина око, да извиниш“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Сега сум ти гостин во твојот далечен дом во Австралија.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Пред нив е каменот што го остави на моиве гради, немам други дарови, само спомени тешки како олово.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Не си гостин во моите сонови, но знаеш каде се скриени сеќавањата.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)