гостин (имн.) - со (предл.)

(Куќата на Херцог. Богато наместен салон. Сара свири клавир. Гостите со чаши в раце слушаат. Сара завршува. Аплаузи. Сара приоѓа кон Стево.) СТЕВО: Браво. Прекрасно.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
- Па, знаете соудруг Павел, вашите соседи се жалат дека кај вас е многу бучно и замолија да ви кажеме да бидете потивки... – не рекоа да престанам да примам гости со кои во соседството мислеа дека ширам некој вид неморал и дека тоа потпаѓа под закон, туку од околу, тивко и учтиво, како што личи на добро воспитани луѓе, нели.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Сите келнери се началници. Сите се гости. И домаќините се гости со гостите.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
А потоа подавајќи му рака на гостинот со благ израз на лицето му рече: - Чест ми чините господине Лозински што ми дојдовте в куќи.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Го отвори барот во кој автоматски се палеше светлото што треба да го привлече вниманието, почна да ги нуди гостите со сите можни пијалаци.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
По завршувањето на обичаите килерџиите почнуваат да ги служат гостите со вино, ракија и мезиња: бонбони, леблебии и суво грозје.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)