гостин (имн.) - не (чест.)

Иако на никој од гостите не им значеа ништо имињата на нејзините братучетки, Мариела посебно нагласуваше, покажувајќи со прстот на девојче во шарен фустан, дека девојчето на фотографијата е таа, застаната меѓу Николина и Фанија.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Силјан во бојот никако не зел дел, чунки Аџијата го имал покрај себе и бидејќи бил гостин не го внесол во џенгот.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Но, гостинот не можеше да прифати ништо.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
На лавежот од песот истрча мало девојче — два тринаесет години, го искара, откако виде дека гостите не се Турци.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Гостите не можеа да откинат поглед.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
БОРИС: Така е. Ако гостите не се бесни, куќата не е тесна. (Пауза.) И велиш Американецов случајно? (Пауза) Што не се најде некогаш некој Рус, случајно, мајката?
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
„Во мојава куќа гостите не определуваат кој ќе ми биде гостин.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И самиот како да беше изненаден од лутината на својот глас.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)