гостин (имн.) - ќе (чест.)

Софра се става само кога гостите ќе треба да останат на ручек или вечера. A вака се знае оти домаќинот не спрема јадење.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И, не дека нема да нѐ биде, зашто сме поднаучиле и ние по нешто под јорган сиве овие години живот, ама борделот ќе мора да се вика „Кај баба“, за да нема забуна при влезот во бордо обоениот хол, во кој гостите ќе ги дочекува хостеса во црвен фустан со длабоко деколте и, со насмевка, распеана ќе ги разнесува по собите... или, уште подобро, со фотогалерија што ќе оди на видеобим ќе ги нуди нашите вработени и пријавени работнички со бенефициран стаж.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Александар почувствува олеснување, како кога некој несакан гостин ќе го напушти домот во кој му е укажано повеќе од потребното гостопримство.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Дотогај ти гостин ќе ни бидеш, јади си, пиј си и ќеф терај си“, му рекол Аџи Кљак-кљак војводата.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
– „Лели те довеал ветрот у нашава земја, кај што човек не дошол досега, му рекол, ќе ти кажам од кај те познавам, чунки си имал касмет да се видиш со мене и гостин ќе ми бидеш у мене.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
- Гостинот ќе помисли дека не знаете сами ни чашка да си порачате.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Откоа беа довршиле муабетот, си легнале и си спале.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
До тогај ти гостин ќе ни бидиш, јади си, пи си и ќев терај си! - му рекол Аџи Кљак - кљак војводата.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Ја повели, седни и малку леб и сирење касни, да еве кај се стемнуат и ќе си ојме у мене дома, да тамо ќе се разбериме за сѐ што има да нѐ прашаш и да те прашаме.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Лели те довел ветро у нашава земја, кај што чоек не дошол досега - му рекол - ќе ти кажам од кај те познаам, чунки си имал к'смет да се видиш со мене и гостин ќе ми бидиш у мене.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Ретко, ретко некој гостин ќе ми дадеше некогаш некое париче, а јас излудував од радост и веднаш трчав да го разменам тоа париче за неколку шарени шеќерчиња.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Ќе ги украдам нивните крилја, и ранети души во полупрстенеста патека ќе се дигнам под сенката од сводот, во пазуви празни пак гостин ќе бидам пак солзи ќе ронам...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Си знаевме, од прикажувањата на дедовците, дека страв лозје чува па се здадовме на молчење, а и што друго би правеле кога уште на аеродромот ќе ве пречекаат воени стражи со пушки со многу долги цевки, што друго би правеле кога исти такви пушки со исти такви цевки ќе видите и пред хотелот и во хотелот и кога рецепционерот пред да ве запише во книгата на гостите ќе ве предупреди многу да внимавате и да не се оддалечувате многу - никакви самотнички прошетки, романтики, зјапања во ѕвездите, никакви ти реков-ми рече муабети со минувачите на улица оти мигум можете да останете со полна уста и празни џепови.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)