градина (имн.) - во (предл.)

Никој не го прашува белиот какаду во Ботаничката градина во Сиднеј дали по последниот бел крик ќе се престори во перница од пердуви.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Под небото куќи трошки Јато камени потполошки Легнати, Молчат. пламен- небо Пламен-небо Ѕунат облаците-жици Слушам како со тажен кликот Вабат Прелетните птици. градина Во неа Се здогледувам себе Со нова лика: Билка чемерика.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Само што тие звуци ќе бидат неподносливи тишини, тие зборови ќе бедат крвави дождови, а тие погледи сиви сенки, рушевини, висечки градини во кои верував дека ќе го живеам сонот, а сега гнијам, умирам, немоќна пред стравот да признаам дека тој сон беше страст, импулс, желба, глад за моќ, но не и судбина.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Кога Татко ќе го охрабреше некоја нова идеја, читајќи на чардакот, со нескриено задоволство слегуваше во Мајкината градина во која се ширеше миризбата на расцутените црвени каранфили и трендафили, заедно со опојната миризба на жолтите цутови на анамската рака која ги покриваше долните ѕидови на куќата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
А посебно е мачно да се пита во едно општество каде питањето и грабањето се основни конститутивни елементи, цемент што не допушта да се распадне оваа ужасна бетонска градина во која е закопана, ширејќи неподнослив смрад, нашата мајка (в. го славниот роман на Мекјуен).
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Пишувам од самоилузија, од поместување; а бидејќи пишувам од меѓупросторот, непрекинато ги повикувам другите да ги побараат своите меѓупростори и од нив да ја набљудуваат градината во која стеблата раѓаат плодови што се, без никаков сомнеж, скапоцености.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Бранувањето на лавандата низ провансалските полиња силно ме потсетуваше на пролетното цутење на јоргованот во мајкината градина во нашата последна куќа, куќата крај реката Вардар.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Средата ли, четвртокот ли, одново се разденивме како во пекол градината во дворот тажна, стебленцата во неа јадни, Татко ми го снема, како да исчезна во времето, и некаде по некој ден гледаме: водата ги раскопала гробиштата и жолтите коски на мртовците пливаат по улиците и ни мавтаат на сите: ајдете, велат, што чекате?
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Ресторанот беше сместен во една мала селска куќа, наоколу со градина во која имаше засадено секакви растенија.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
„Ене го проклетникот. Тој сам ќе си ја стави главата на тепсија пред Калпаковата тајфа.“ „Тој не е сам. Погледни, оној со него е...“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но јас веќе знаев кој е со него и дека тој што е со него е изврзан со гнил ремен, ишаран од стапиште со модрици и безумен како и секогаш зашто до мене достаса најпрвин неговиот глас - „Не давај ме, внуку, на никаквециве, ќе ме обесат“ - потоа јасно го видов како се ниша килав пред својот внук и судија и како плаче кикотливо, ја видов таа безначајна празнина во лита и скудна облека на која никнала долгнавеста тиква со влакна, но тоа е сега прикаска што мојава улава старост ја раскажува со чувство на посничка осаменост пред друга, калуѓерска и божја, бездруго свето дрво што размислува над туѓи мисли и се моли над туѓ грев, на оние што веќе ги нема, што се прав како што ќе сум и јас утре прав, јас, Лозан Перуника, дамка од дамките на минатото и вчерашна жива смрт од дружина на мртви луѓе, и тие вчера со гнев и јад во секоја капка на крвта вчера, кога и јас, и сирак и главен терач на туѓа двоколка со сив ѕевгар, сонував и живеев зелено, зелен во една земја што помеѓу топењето на снегот и сушите на болните лета не знае што е зелена пролет, зелен април или зелен мај, и знае или можела да знае што е зелен страв пред чудовиште оплодено од еден друг господ во градината во која се преселиле од рајот женското петле Адам и неговото ребро со женска коса, женски колкови и женско умеење во гревот да посади боцки од кои душата станува жива рана.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Припитомена меѓу првите животни од човекот во рајските градини на Месопотамија, козјата трагедија, според Жан Домек започнува по Француската буржоаска револуција во 1789 година, кога во името на прогресот, започнува борбата против козите, како животни кои, уништувајќи ги шумите и цветните градини во Франција, ја загрозуваа цветната иднина.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Цел животот бил градинар во Картагина. Служел во многу градини во Картагина. Во гувернерски, амбасадорски, општински, колонијални и постколонијални.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Безброј пати ја молев, посебно во ова писмо, да дојде во Картагина, да биде со своите внуки во убавата градина во Картагина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Токму така изгледаше Хитлеровата држава: животинско царство или ботаничка градина во која строго се почитувале законите, нормите, обичаите.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Од брашното што го добивавме со социјалистичките купони, но и од црната берза, Мајка, според рецептите од гастрономскиот дел на Ла Ринашенте, ја дополнуваше својата балканска симфонија во развлекувањето на тестото, во дотогаш за нас невидени форми на макарони, лазањи, равиоли, дополнувајќи ги со сокот од доматите кои ги одгледуваше во градината во која садеше босилек, но и каранфили и трендафили.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тие се толку ретки. Чита дека снежниот леопард јаде цицачи и птици. Осамено живее.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
За Сани, најомилената поставка е онаа со снежниот леопард. чудно е што зоолошката градина во ваков малечок град има такво животно.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Колку долго живее? Дваесет и пет години.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)