граница (имн.) - станува (гл.)

Откако ќе бидат договорени на дипломатски состаноци и фино исцртани на мапите, границите стануваат нешто реално за луѓето кои живеат покрај нив“.20 Фактичките гранични линии се демаркирани со камења, знамиња, огради, ѕидови и други знаци, и се нагласени преку царински контроли, гранична полиција и контролни пунктови.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Види Gary T. Marx, “Some Conceptual Issues in the Study of Borders and Surveillance, in Global Surveillance and Policing: Borders,” Security, Identity, ed. Elia Zureik and Mark. B. Salter (Cullompton: Willan, 2005), 13. 56 David Lyon, “The Border is Everywhere: ID cards, surveillance and the other,” in Global Surveillance and Policing: Borders, Se- curity, Identity, ed. Elia Zureik and Mark. B. Salter (Cullompton: Willan, 2005), 67. 43 „Спротивно на трендот од последните неколку децении, многу општествени граници се сега потешки за преминување – било да станува збор за влегување во друга земја, соседство или зграда, барањето на емиграциски статус или статус на азилант или информации – додека некои лични граници се полесни за преминување како резултат на новите закони како што е Patriot Act“.57 Всушност, токму личните граници стануваат попропустливи, а не општествените, што има негативен ефект врз човековите права.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Еден пример е новиот јапонски закон за емиграција од 1990 година, кој им ја отвори границата на неколку категории на високо квалификувани професионалци (на пр. експерти за меѓународни финансии, сметководство, медицински персонал, итн.), 64 Ibid. 49 додека во исто време влезот на „простата работна сила“ го направи илегален.65 Сето ова води до заклучок дека глобализацијата резултираше со парадоксални гранични политики: границите стануваат попропустливи за стоките и капиталот (преку договори за слободна трговија), но помалку пропустливи за протокот на луѓе (емигранти).
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Надзорот служи за да се одржат границите преку дефинирање на основите за исклучување и вклучување.“
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
„Кога тоа создава силна ние/тие или нам/ним поделба околу територијата, границите стануваат симбол и механизам на таа поделба“.31 Граничните конфликти одамна се важен, ако не и неопходен, составен дел во процесот на градењето на нацијата и државата во пост- империјалното време.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
„Економиите без граници“ користат строга гранична контрола за да ги држат надвор несаканите емигранти, истовремено регулирајќи ја прекуграничната циркулација на високо квалификувани професионални работници.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)