граница (имн.) - можеби (мод.)

Но за Мајка, за мое­то семејство преку границата можеби ќе биде доцна, ах предоцна.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
52 Економските граници можеби станаа послаби, но еден елемент на традиционалната суверена контрола над границите и натаму останува – полициската контрола врз движењето на луѓето преку границите.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Иако пропустливоста на меѓународната граница можеби е зголемена, таа сѐ уште е детерминирана од класата, националноста и другите општествени „скриптови“.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Меѓудржавните граници не се само средиште на националниот идентитет, туку и на меѓународниот систем (политички и економски) и на глобалниот режим за мобилност.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Новите технологии кои го преплавуваат и менуваат значењето на традиционалните граници можат да создадат контроверзни меѓу-зони“.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)