граница (имн.) - помеѓу (предл.)

Мајка ми требаше да нè спаси, да ни го поврати тоа изгубено време на семејството, да ја донесе разврската, небаре жртвувана на границата помеѓу животот и смртта, таа свеќа на семејството што никогаш не догоруваше.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Меѓутоа, сепак не можеме да говориме за пресвртница, за некаква остро зацртана граница помеѓу Хундертвасер-сликарот и Хундертвасер-архитектот, бидејќи тоа се две многу тесно поврзани уметнички личности, односно, сликарството и архитектурата кај Хундертвасер се две неразделни подрачја.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Во свеста, не престанав да пластам семожни аргументи за прелевањата на религиите, од една во друга, започнав да верувам во преобраќањата како мостови на вистините, а не како граници помеѓу нив...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Во распаднатото, фрагментарно, постмодерно време кое ги брише сите граници и хиерархии, кое со својата општа огледало-структура им дава право на сите и на сите право на сѐ, во време на персонализација, време на исчезнување на границите помеѓу високо и ниско, помеѓу уметност и неуметност, во време на рамнодушна консументска булимија, во време на атрофија на чувствата - на ѓубрето сите врати му се ширум отворени, ѓубрето навлегува во сите пори на животот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Оснежена граница помеѓу минливоста И стамениот брег.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
А дека сегашниве жители на Потквицата не се потомци на становниците на некогашната древна населба Градиште, освен нив самите, зборува уште и нивната психофизичка конституција; високи се, русокоси, недоверливи.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Во старите пописни книги на населението и имотот, во тевтерите на воените и даночните обврзници, па во хрисовулите на византиските императори, Потковицата се споменува како феуд или црковен посед, а во ферманите на турските султани, испраќани во врска со собирањето на даноците, со ајдутите, со побуните и казнените експедиции, како султански имот, Хас чифлиг, под името Загориче, кој, најверојатно, зашто се најдува точно на границата помеѓу Битолско и Прилепско Поле во различни времиња потпаѓал под управа де на едниот де на другиот град, но за луѓето кои живееле тука, за нивната раса, религија и бит ништо не се споменувала.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Оваа куќа безброј пати ја барав, доближувајќи ја со очите на двогледот од вишинката на големата карпа на манастирот Свети Наум, речиси на самата граница помеѓу двете земји.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Мислам дека кај неа границата помеѓу сонот и јавето во тие последни денови многу тешко можеше да се разлачи.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Инаку како да се сфатеа спомнувањата на фиоките и на чекмеџињата?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Одев полека, со некаква возбуда претчувствувајќи ја границата помеѓу злото и доброто.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Рано ја сетив онаа тивка тага за сите овие луѓе што подоцна, со првите младински години, ме следеше стоејќи негде на границата помеѓу слеп бес и размислување - зошто е сè вака, зошто животот потсетува на полуслепо рудничко коњче што влече преголема тежина за својата сила, управувано од долг бич, од пијани извици?
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
На кој начин е таа комбинација од гламурозност и абјектност поврзана со нарушувањето на жанровските граници помеѓу трагедијата и комедијата кое ѝ е особено на машката геј-култура, конкретно со практиката да се смееш на ситуации што се ужасни и трагични?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ако не ги земете предвид таквите традиции и ако не го препознаете систематското нарушување на границата помеѓу трагедијата и комедијата кое тие традиции го негуваат како светост поради она што е – односно машка геј-културна навика, намерна антисоцијална естетска интервенција – тогаш едноставно не можете да го сфатите одговорот на машката геј-култура на ХИВ/сидата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во својата книга од 1972 година, Мајка камп, која е иновативна етнографска студија за подражавачите на жени и дрег-кралиците во Чикаго и во Канзас Сити, Њутон забележува вака: „Еден од најзапрепастувачките аспекти на мојата интеракција со подражавачите беше нивната склоност да им се смеат на ситуации што мене ми беа ужасни и трагични“.162 ‌Како што признава самата, Њутн ја „збунило“ настраното прекршување на границата помеѓу жанровите.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тоа содржи ризик и испитување.  Тоа сепак би можело и така да се формулира, дека Вие барате да ги испитате границите на позитивното знаење, да речеме, границата помеѓу она што може да се каже и она што не може да се каже.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Па макар и да ја има таа желба, макар и да поминуваат низ него сите тие, крајно одредени и јасни - недвосмислени слики за него, неговата боја,искрите на светот, огинот, со таа топла граница помеѓу него и тоа другото во кое не може да верува, колку и да сака; сепак се е подобро од неодреденост во која е онеспособен да проговори свртен кон себеси како кон било што друго, неколку обични и најобични идеи, за тишина, за пејсажи, за нешто.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
На почетокот на своето прашање алудиравте на границата помеѓу она што може да се каже и она што не може да се каже.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Постојат луѓе чие Јас не е сигурно во себе, нивното Јас некогаш одамна почувствувало дека нема право да постои и остатокот на светот во секој миг може да навлезе во него, па сега за нив не постои граница помеѓу нивното Јас и она што е не-Јас.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тие луѓе во секој однос со другите луѓе гледаат закана, се плашат дека каква и да е блискост со друго суштество ќе го проголта и она малку што останало од нив.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Владетелите на оние градови кои граничеле со вода, потплатувале бродари да ги соберат лудите, и така бродовите пловеле со несреќниците врзани на палубите, кои ако ги преживееле жедта и гладта, ако не биле покосени од ветерот и студот, биле тајно истоварувани на првото пристаниште, а ако тоа не било можно, ги исфрлале на некое ненаселено копно, или ги фрлале во вода.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Оние кои меѓу себе се сметаат за нормални отсекогаш имале потреба да постават една непреминлива граница помеѓу себе и оние кои биле прогласени за луди.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Театрологот, Венета Дојчева, во текстот „Еден ден во театарот“, објавен во списанието „Лик“ за месец април 2008 година, по повод проектот на наведениот театар од Руан, ќе напише дека проектот значи бришење на границата помеѓу сцената и салата.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Реалноста во мојата земја, која се распаѓаше и исчезнуваше, ја прерасна и најзлокобната фантазија, ги избриша границите помеѓу постоечките и непостоечки светови, и јас повторно се најдов од онаа страна - врз некое друго огледало.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Да се премости јазот значи да се пречекори границата помеѓу чудесното и можното, помеѓу стварното и митското, помеѓу граѓанскиот свет со неговите будоари и книговодство, и кралството на сето она што долго се означуваше како бајка, за на крајот да се именува како налудничава фантазма.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Живеејќи во две времиња на Балканот и во Цариград, во османско и во турско, Татко ќе се најде помеѓу два јазика во потрага по еден, помеѓу две азбуки, арапската и латиницата, помеѓу два света на зборови, без утврдени граници помеѓу нив.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Многумина оваа немирна и постојано променлива балканска граница помеѓу Истокот и Западот ја сметале како причина за трагедија и проклетство.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Погледот му стануваше граница помеѓу двата континенти.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Зар тој не беше подвижна граница помеѓу двата света?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Не мина многу време, границата помеѓу Албанија и Македо­нија, односно тогашна Југославија, се извиши како еден од најголемите и најнепреодните ѕидови-граници на Балка­нот и во Европа.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Се создадоа пет нови држави, а ние повторно си го променивме државјанството станувајќи граѓани на Република Македонија, макар што со промената во државата си остана границата помеѓу нашата родна земја и земјата на новото државјанство. Повеќе не бевме емигранти.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Така, во домот на татка си, како мома, во родниот Лесковик, вгнезден на границата помеѓу Албанија и Грција, беше видела делови од мебел како во каталогот на стоковната куќа Ла Ринашенте, но не и во крајезерското гратче Поградец, каде што ѝ се закотви животот во новото семејство.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Една од последиците беше оживеаната пеколна граница помеѓу Албанија и Македонија, одамна всадена во срцата на разделеното семејство од обете страни на границата, која како чудовиште се извиши од водите на Охридското Езеро и ги запираше луѓето со децении да ја минуваат.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Успевајќи да ја постигне целосната лаицизација во семејството, која хронично недостигаше во балканските кревки институции на владеењето, на верувањето, таа остануваше немоќна да го разбере постоењето на границите помеѓу луѓето.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Но успеа само пророчки да го предвиди отворањето на границата помеѓу Албанија и новата држава Република Македонија.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
На самата граница помеѓу Грција и Албанија, во родното гратче Лесковик, во нејзиното семејство, владееја поинакви закони.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Мајка потекнуваше од моќно бекташко семејство, вгнездено на самата граница помеѓу Албанија и Грција.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тоа сега не беше далеку, го поврзуваше река, ама и таа беше пресечена со граница помеѓу Југославија, односно Македонија и Грција, пред земјата да се затвори.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
А и Балканот, може да се рече дека, како голем полуостров, беше една голема граница помеѓу Европа и Азија, од сите страни опкружен со мориња, а од север, затворен.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ја загуби мајка си на самото раѓање, на границата помеѓу животот и смртта.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во античкиот период, а и подоцна, во те­кот на повеќе векови, земјата ќе се најде на политичката, на воената и на културната граница помеѓу Исток и Запад, најпрвин помеѓу Римската Империја и античката грчка цивилизација, потоа во европскиот среден век, помеѓу католичка Италија и балканското православје.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Новата молња го сечеше небото, Езерото, над невидливата граница помеѓу двете земји.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
А тогаш, границата помеѓу двете „братски земји“, кои ги поврзуваше мостот на сталинизмот, не беше вардена како во други времиња.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Погледот стигнуваше до блискиот брег, во Албанија, откако ќе ја минеше границата помеѓу двете земји, означена со понекоја невидлива бела пловка на езерото.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Откако малку се потсмири, му заповеда на кормиларот на патролниот чамец да скршне кон манастирот Свети Наум, на самата граница помеѓу Албанија и Југославија.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Во тоа време, на студена војна, кога среде Европа беше спуштена железната завеса, кога таа се наложуваше како неминлива граница помеѓу народите, Цветан Горски, знаеше дека во земјата имаше умови кои се противеа на новата поделба на сталинизмот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Во таа кутра Европа, која ја очекуваа нови граници, ѕидови меѓу исти народи, граници помеѓу вери.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Кога на тоа ќе се додаде фактот дека повеќето од тие текстови се наменети за жива изведба, тогаш недвосмислено се поставува прашањето за тоа каде е можно да се повлече граница помеѓу примарно музичките и примарно вербалните форми.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
51 Идејата за Borderhack дојде од “Kein Mensch ist Illegal” (производ на „Документа Х“ од 1997 година), фестивал на германско-полската граница каде што киберуметници, музичари и активисти за човековите права организираа маршеви, разговори, концерти и работилници во знак на протест против третманот на илегалните имигранти.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Во 2000 година, уметничката група Laboratorios Cinemаátik го пренесе фестивалот во Тихуана, на границата помеѓу САД и Мексико.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Во еден момент, додека патувавме кон манастирот Свети Наум на брегот на Охридското Езеро, на самата граница помеѓу Македонија и Албанија, Едгар Морен, рече дека ајде и јаваш се главните балкански противречни сили, како што се јинg и јанg во источната цивилизација, при што тука постојано е присутна готовноста за компромис, кога ниту афирмацијата да не е докрај да, како што негацијата не не е докрај не!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Луѓето кои живеат и преживуваат во региони со граници помеѓу религии, идеологии, култури имаат многу повеќе потреба од другите да ги бараат патиштата на меѓусебното разбирање, толерантност.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Но јас морам да ви раскажам уште едно минување на оваа граница помеѓу она во пролетта на 1979 година и сегашното во почетокот на 2001 г. преку фрагментот од моите записи од границата: Има една долга гранична линија помеѓу Албанија и Македонија, граница со долга и незавршена историја, граница која го обележа животот на моето бегалско смејство.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Се сеќавам на сцени од детството кога мајка ми, кога одевме кај православниот манастир Свети Наум, на самата граница помеѓу Албанија и Македонија (тогаш во состав на Југославија), да го гледаме родниот град Поградец на другата страна од границата, мајка ми, макар преминати одамна во исламска религија, палеше свеќа, бездруго, верувавме ние тогаш, да побара од Севишниот да ја нема повеќе границата!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Утрово по вообичаениот утрински фељтон посветен на сите зла кои им се припишуваат на кравите, на свињите и на овците во Европа, се информираше за инцидентите на границата помеѓу Македонија и Косово.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Со моите најубави мисли Елен Лејбовиц Frјuѕ ce 6 mars 2001, Monsieur, Excusez-moi pour cette lettre la рrѕеntаtiоn dfесtuеuѕе. Cette fois-ci јеѕрrе que а ira. Je viens dсоutеr les informations. Dј ce matin арrѕ lhаbituеl fеuillеtоn quotidien соnѕасr aux саlаmitѕ qui ѕаbаttеnt sur vaches, porcs et moutons, on аnnоnаit des incidents la frоntirе entre la Mасdоinе et le Kosovo. Incidents pas trѕ graves, disait le journaliste, mais dont le retentissement est la mesure des inquitudеѕ qu la moindre occasion ce coin des Balkans inspire lеnѕеmblе de lЕurоре. Je tсhеrаi de suivre lvоlutiоn des vnеmеntѕ en souhaitant quunе solution soit rapidement trоuvе. Les mdiаѕ louent dans lеnѕаblе la mоdrаtiоn du Рrѕidеnt da la Rрubliquе de Mасdоinе. Fasse le Ciel que cette mоdrаtiоn soit contagieuse! Avec mes meilleures реnѕеѕ. Hlnе Lejbowicz 10 марt 2001 г.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Како да се чекаше самиот крај на векот за да се урне и балканскиот ѕид, да се ослободи границата помеѓу Албанија и Македонија, да се ослободи од старите сеништа!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Границата го загуби некогашното значење. Ја минуваа луѓето од обете страни како ништо да не се случило.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Се мобилизираше самата, го мобилизираше својот круг на пријатели.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Ќе сме се ослободеле од проклетството само кога ќе немало граници помеѓу нас самите како народ.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Тоа е можеби затоа што и минувањето на границите помеѓу Албанија и Македонија го загуби некогашното атавистичко значење.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Веруваше дека кога се совладува границата со минување од еден во друг јазик, се совладува и границата помеѓу две земји, два народа.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)