граница (имн.) - со (предл.)

- И Французите со линијата Мажино ја удвоија границата со подземни продолжени бункери, ама Германците најдоа влез од Ардените, преку Белгија за да ја победат фра­н­цуската војска и да ја окупираат земјата на самиот почеток од Втората светска војна...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
По еден час, госпоѓата со дванаесет обетки само на едното уво и прстени на сите прсти, па дури и на палецот од ногата, се претстави како цариничка на границата со Бугарија.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Потоа новата гранична линија ја предизвика Отоманското Царство, кога едни ја задржаа старата вера по цена да го минат Јадранското Море и да заминат во други земји, по цена на создавање неколкувековна граница со предците кои останаа во земјата, и по историскиот отпор, голем дел ја прифатија верата на освојувачот, создавајќи нова граница.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Од голите долини покрај границата со Мексико, преку карпестите кањони и долгите песочни плажи, застрашувачките снежни врвови на Сан Бернардино Маунтинс и шумите исполнети со секвоја и сикамор трис, па плодните плантажи на Вентура, зелените ридови на Санта Барбара, северните карпести заливи и винските брегови на Напа и Сонома...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Патуваа со нив и спасените таткови надежи, првин преку границата со родната земја, а потем, кон морето, океанот, означувајќи ја варијантата на можното враќање.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Покасно беше панкер, па хеви–металец (на граница со хипик), па првак у јамб у гимназија...
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Биени од небо и земја, прескокнувајќи ги телата на убиените и ранетите, подуените мрши на мртвите говеда чии црева беа растурени на патот и ливадите и постојано придружувани од тоа ужасно викање – бегајте – ги врвевме беспаќата кои водеа кон границата со Албанија.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Си мислам што да направам, а морам нешто да направам: да скинам, да растурам, да ставам граница со смртта.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)