граница (имн.) - да (сврз.)

Во рамките на империите, националните граници немаат никаква важност, бидњјќи империите непрекинато ги мешаат народите за границите да ја загубат својата релевантност.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Преку процесот познат како „обезграничување“, функциите на границите сѐ повеќе навлегуваат длабоко во територијата, сѐ подалеку од границите на територијата.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
- Отпивна, и рече: - Е, па, јас мислам дека е најдобро (за да не се лути ни едната ни другата страна) границата да минува по средината на манастиров; да се дели на две еднакви половини за да имаат каде да се молат и едните и другите... - почна да гестикулира со рацете.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Спорот беше зачнат уште по Балканските војни кога големите сили на Лондонската конференција ја формираа албанската држава, обележувајќи ја територијата само на карта, бидејќи поради војните што уследија, не можеше границата да се постави на теренот и да се разграничат местата меѓу двете држави.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Како последица на развојот на технологиите за надзор, „границите сега постојат на друго место... на места кои традиционално им припаѓаа на суверените држави, но сега се трансформирани за да им овозможат на владите надвор од своите географски граници да го проверуваат личниот идентитет и да го следат движењето на луѓето пред тоа движење воопшто и да се случи“.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)