гранка (имн.) - да (сврз.)

Да го разораме каменов и место плод неправдина да посадиме да врзе длабок корен и густи гранки да нададе
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Со чувство на вина што не се простува, ноќта се распаѓала на резенки и претставувала уште само сенка на ридови и на ритчиња, премногу косопасни и соголени од чифлигџии и селски копуци за да минат запрегите низ шума или да се присокријат негде призраците на Самоиловата коњица, или на Крум или на Душан, или на кој и да е војувач на ова парче земја чиј народец го проретчувал кој како ќе стаса, најпосле врз неговата тиква да се струполи и топузот на Бајазитовите потомци, тој топуз да ги потурчува каменот, земјата и човекот со тапија потпишана одлево надесно и да граба од 'ржена слама машки деца - подоцна под сабјата на младите јаничари да дојде понекогаш родниот брат или татко, ни колачот ни закланиот да не знаат дека крвта пролеала своја крв.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ја зеде потоа секирата в рака, го погледна муртејќи се темнопепелавото небо, па се затрча по патеката што преку темната букова корија, низ која високо во гранките се провираше ветерот, оставајќи ги разнишаните гранки да крцкаат, да се удираат, да се тријат една од друга, создавајќи најразлични шумови, и се упати преку Гола Глава.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Стариот даб се зарадува и си помисли: “Еве кој ќе ме развесели“ - па ги разниша гранките да го поздрави славејчето и рече: - Запеј, славејче! Развесели ме!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Одново на птиците, помислувам, на грлицата, помислувам, која никогаш на својот возљубен не му ја засенува честа туку, доколку се случи низ животот да остане без него, сама, пак низ цел живот ќе ја брани честа на љубовта: таа никогаш веќе нема да застане на зелена гранка да запее и никогаш веќе нема да се принапие бистра вода.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
И саноќ само на птиците помислувам со питагорејски молк: оние кои никогаш не запеале во туѓа татковина. Една од овие птици чука со клунчето на прозорецот и вели: ќе си запееме, заедно ќе си запееме... ***
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Голи биле ритчињата, можеле да се доголат и планините - утре ни беговите не ќе најдат дрво да обесат осуденик, ни копуците ќе најдат гранка да му го скршат вратот на бегот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)