грешка (имн.) - или (сврз.)

Но врз основа на фактот што тоа е проблематично, вреди да запреме за да согледаме дека ова тврдење не е чиста грешка или ментална аберација од Деридина страна; тоа едноставно му се наметнува од внатрешната логика на неговата позиција.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во фазата на изместување таа продуцира еден поим што не е изразлив во рамките на таа опозиција, исто така И во текстот што оваа опозиција го структурира.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
За момент ќе дојдеме до него.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Дури и пишуваните упатства што ги добиваше Винстон и од кои тој без исклучок се ослободуваше штом ќе завршеше со нив, никогаш не кажуваа, ниту навестуваа дека треба да биде извршен чин на фалсификување: референците секогаш се однесуваа на пропусти, грешки, печатни грешки или погрешни цитирања, што беше неопходно да се исправат во интерес на точноста.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
По овие зборови Веле го повиши гласот: - Сега сакам да знам дали е во мене грешката или во вас, старите мајстори, во вашиот табиет, да не сакате да дадете и на друг да се развива и да оди напред...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Специфични промени во структурата или во содржината на нашите персонални конструкти се јавуваат првенствено како одговор на предикативна грешка или „изненадување” (Adams-Webber 1989).
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Често пати сугестиите дека луѓето можат да бидат успешно сфатени како машини (и според тоа ограничени) се видени како нешто навредливо или бесмислено, и тоа се смета како симптом на некој вид политичка грешка или интелектуално слепило.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Му станал туѓ, тежок, речиси неупотреблив и го изненади тоа што беше станал сосема самосвесен за секоја и најмала граматичка грешка или несовршен изговор.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Тоа тој го потврдува и со својата опсервација дека ако се одржи слободен и фер плебисцит, тој би резултирал со формирање на „слободна Македонија“, а со тоа би се анулирале „грешките или лапсусите на историјата“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Според него, повлечените граници биле узурпирани, а фактот што немало „независна македонска држава“, според Еванс, не бил резултат на отсуството на македонскиот патриотизам туку со право може да се смета дека е тоа „една од грешките или лапсусите на историјата“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во извештајот Еванс посебно се осврнал на перспективите за обединувањето на Македонците.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Голема грешка или апсолутен резултат на неразумни хипотези и заклучоци.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Животот во лудило - грешка или промашен влог на природата и на Бог.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Зарем грешка или случајност во вселената е сета тага?
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И каде оди тагата, заедно со сето минато – со она што во времето било?
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сите прозорци од собите во Гнездо гледаа кон паркот во средиштето на болницата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)