грло (имн.) - го (зам.)

Изворот од солзи во погледот длабок, в грло го пресушуваш...
„Од дното на душата“ од Александра Велинова (2012)
Тихо е и лежи тежина врз темето и грлото го стега сувото попладне.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Во тие обиди еднаш Висар успеа да слезе на дното од езерото и да ја најде бесмртната вода; го извлече шишето до чамецот, се напи од неа и почна да вика колку што грло го држи: Бесмртен сум...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Како последица на тоа очите и грлото го здоболеа и бразда од болка, како танок пламен, му ги изгоре носниците.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Грлото го запече, сѐ повеќе го обзема загриженоста и некаков таинствен страв.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Според едни, надмудрен и разочаран од коњот, и посрамен. можеби изопачен од бес и очај, Татарот во кожа со боја на зимски дабов лист, доколку не бил Монгол или Черкез или некој од подалечниот дел на Азија, го нашол коњот што љубел да пие вино и со еден удар преку грло го заклал со крив анџар.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)