грло (имн.) - ми (зам.)

Грлото ми се радува, телото ми се оладува.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Во грлото ми се вгнезди загушлива тиња со страотна реа. Почнав да го губам здивот, да се задушувам.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ме погледна под очи, ме одмери со недоверба од која грлото ми се сушеше и подаде рака.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Болката во грлото ми се разлеваше по целата става, ми ги пиеше коските и ми го ораше месото.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ако мртвиот не дошол и самиот да си касне за душа, некој друг нѐ демне и ни ги мери чекорите кон неврат. Кој - не знаев.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Шепотеше со рапави воздишки дека саканите синови и милите снаи го испратиле по воденички камења во туѓа каза да се избават од него.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Скрбеше над себе. И мене грлото ми се стегаше.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
О, господи, е веќе зборот в грло ми запира ко оскорушка.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Не, не велам, и мрдам со главата, ја стегам устата, а грлото ми помрднува, ми подголтнува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)