грло (имн.) - ѝ (зам.)

Грлото ѝ се исуши, ѝ снема плунка.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Во грлото ѝ застана клопче, зборот се истутка и искри ѝ излегоа од очите.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Откако ја подигна главата на Рада буквално во грлото ѝ ја истури оваа спасувачка течност, по што Рада ги отвори очите.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Солзите сè повеќе ѝ течеа, грлото ѝ се стегаше, и таа плачеше на глас.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Грлото ѝ е полно со солзи, па не може ништо да ни рече: нѐ стиска и нѐ гушка.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Зашеметена ѝ иде од страв да вика - ама грлото ѝ се стегнало... Ѝ иде да избега - ама стапалата ѝ се камносани врз каменот...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
- Не кажа кој. Во грлото ѝ застана клетвата.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)