грмушка (имн.) - со (предл.)

По некое време, еве ги, излегуваат од грмушките со воспалени лица, со земја и снег по колената.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И никој, ни подоцна, многу подоцна, не можел да објасни каква е таа слабост да се чувствуваат намалени и фатени во стапица на несигурност. И со надеж се крстеле.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Мечката го хранела брадосаниот никаквец и натрапник престрашен и за ѓаволот, му носела големи гранки со оскоруши, грмушки со дренки и искорнати гнили стебла со мед во утробата. Тогаш можеби била и скотна.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Наслушна. Минк сериозно зборуваше со некого крај грмушката со рози и покрај тоа што таму немаше никого.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Таа љубов, значи, почнала во една пролетна мугра.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Од споредниот пат што подолу од свијок ќе се забуца во пролоканата стврднатост на царскиот друм, во неговата груба едноличност, се издвојувала врвица и, несигурно кршкајќи меѓу безимени грмушки со празни зајачки легала, се губела во дабов густеж во чија проредена 'рѓа се таложело мртво спокојство. По таа врвица се тетеравел Онисифор Проказник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)