гуша (имн.) - во (предл.)

Малограѓани! Сељаци! Децата ви се до гуша во хероин а вие се курчите со вашиот безвезен, апсолутно непримерен морал и со вашето фолирантско „згрозување“ над „девијациите“.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Од чудо земјата се вртела в круг и до гуша в нива се закопал еден плуг.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Тука, на плоштадот Свети Марко во Венеција доселениците од Македонија неодложно се потсетуваат дека од памтивек се навикнати на печалби и селидби, навикнати се водата постојано да им е до гуша во живеачката, навикнати се и кога пеат да ја колнат туѓината.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
РОЛНИТЕ НА ДЕТСТВОТО НА ДОСЕЛЕНИЦИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА НА ПЛОШТАДОТ СВЕТИ МАРКО ВО ВЕНЕЦИЈА
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)