даскал (имн.) - во (предл.)

Познаниците прилепчани направија постапки и Бино стана даскал во своето село, плаќан сега не од родителите на учениците, како што беше дотогаш Чало во Витолишча, Петко во Бешишта и други, ами од „народната каса", т. е. од Егзархијата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Туку, да ве запознаам, Костадин го знајте, а ова е Петар Димоски, нашио нов даскал во училиштето „ Вук Караџиќ “, свежо вратен од студиите во учителската школа во Скопје. Ова е Томаица, ова е Христина.“
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Даскалот во Старавина, Димо Гулушов, од три лири месецот (колку што примаше од Егзархијата како Бино во Витолишча), се поткачи на шест од патријаршијата и го мени презимето од Гулушов на Гулусис и почна децата да ги учи место: аз, буки, веде, глаголе на: алфа вита гама делта итн.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)