движење (имн.) - им (зам.)

Второ, наместо да се исплатуваат средства за слепи лица со оштетеност на видот над 97%, со овие изме- ни исплатата важи за потполно слепите лица и наместо за лицата со инвалидна оштетеност над 90% – исплатата важи за телесно инвалид- ни лица на кои заради движење им е потребна инвалидска количка.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Трето, во случајот со потполно слепите лица и телесно инвалидните лица на кои заради движење им е потребна инвалидска количка дојде до зголемување на висината на средствата што се исплатуваат од 30 на 40 просечни плати.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Сосредоточувајќи го, наместо тоа, вниманието кон конкретно политичките (а затоа и не толку тревожни за утробата) барања за еднаков третман, за општествено признавање и процедурална правда, напредните општествени движења им издејствувале на припадниците на стигматизираните групи значителни придобивки.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Душата на животните е тесно поврзана со нивната физичка природа; таа е сврзана со материјата и не може самостојно да постои и делува; постои само додека постои животното, зашто тоа не е духовно битие како човекот; таа не може да господари со своето тело како душата на човекот; тие не се разумни суштества и не можат да мислат; тоа својство му е дадено само на човекот; тие имаат само сетилни нагони и инстинкти; а човекот, како мисловна природа, е свесен за себе си, мисли за вечноста, за бога, за својот живот, за своите постапки, и на тој начин го обновува своето постоење; има психички живот, а животните си остануваат онакви какви што се создадени - неразумни битија; движењата им се условени од надворешни и внатрешни влијанија и нагони кои произлегуваат од физичката потреба да се одржат себе си и своето потомство; немајќи разум, немаат ни апстрактни појмови: за добро, за лошо, за вистина, за убавина.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Значи, до тогаш до кога ќе продолжи движењето им ние не можеме да очекуваме вистинско замешување во нашите работи и до тогаш нашиот народ ќе биде принуден да трпи најголеми бесполезни и бесмислени несреќи.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Сврделот на Партијата и на движењето им требаше како топол леб, без оглед на сите негови слабости за кои и бевме и не бевме свесни.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)