движење (имн.) - ќе (чест.)

При него таа се губеше сосем, гледајќи да биде што понезабележена, зашто секое нејзино послободно движење ќе го проследат преку железната рамка на очилата неговите студени и остри очи.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
- И ова го рече тогаш на советувањето и си спомна уште дека посебно подвлече: Преминувањето во класична војна за партизанските кадри кои неопходно ќе се судрат со стручњаци и воени специјалисти, за партизанското движење ќе биде катастрофа...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Патното движење ќе биде реорганизирано.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ќе го потфатеше дедо му за носот и сосема нежно, со две брзи и кратки движења ќе му ги избричеше и мустаќите и ќе завршеше со еден елегантен потег под брадата, од вратот нагоре.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Имено Мечев во хотелот “Вардар“, каде што отседнал Даме, отворено му рекол дека Гемиџискиот кружок бил против масовно востание, затоа што сметал дека тоа не можело добро да се организира при тие услови и затоа што резултатите од едно такво движење ќе бидат такви што населението горко ќе настрада.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Ова разграничување, според Чубриловиќ, би можело да се реализира не преку плебисцит, туку преку ‘историски фактори’, што значи дека сегашните чувства и националните движења ќе бидат игнорирани и заменети со историски аспирации (кои во многу примери се оправдувани со чистиот империјализам)“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
На тој начин, сметале аналитичарите, "Владата во егзил, иако присилена да ја прифати идејата за Југославија и идејата на федерализмот, не ја напушти својата примарна цел, нејзините аспирации да обезбеди повоена српска хегемонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Бидејќи непријателите мораат да бидат победени, нужна е една решителна битка по која движењето ќе завладее со светот.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Правецот на движењето ќе биде: низ лозјата, врбјакот, па низ потокот - в грб!
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)