двор (имн.) - или (сврз.)

Во мигот кога најмалку очекуваа, пак прозбори Јани: - Сега би сакал да сум под домашната стреа, во дворот или во одајата или на нива или под зрелите цереши или под дебелата сенка на чинарот, па дури и во нашето буниште, ете, вака легнат - навален, загледан во далнината и висината и во очите на љубената...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Го оставаше јадењето или кришум јадеше некаде настрана во дворот или градината.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Некои велеа дека е од раѓање во дворот или во подрумите на некоја беговска куќа одамна напуштена и во распаѓање.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Навистина, тие денови имав некои посети за кои би се рекло дека беа вистински посети, не просто поминување- заминување крај дворот или низ дворот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Бев зачуден, дури и исплашен, кога видов дека околу многу куќи беа ископани нови парцели, мали навистина, колку што дозволува земјата во дворот или до дворот на куќата, но ги имаше многу.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Додека ја кастри оградата, додека собира лисје по дворот или плеви меѓу цвеќињата, тогаш нему меѓувремено му паѓа на памет некоја измена во некоја реченица, нешто инаку да го каже, некоја нова реченица да уфрли, да додаде, реченица со којашто ќе продолжи.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
А основни генералии, секако, мојата секретарка ќе им земе при прием на листа на чекање, па ако треба и ќе постојам пред капија, да чујам се караат ли дење, офкаат ли ноќе, тепаат ли деца и како им се насадени овошките низ дворот, па кога ќе дојдат на ред, од врата ќе паднам во транс: „Имаш дуња во дворот или воденики на балкон“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
2. Бела и друга техника Б: Телевизор ЕиНиш, Руди Чајевац или Беко, пружање алишта у двор или на тараса, поред судоперот – Сјај или Типсо, едвај еден компјутер за сите...
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Мислам на оној наш постојан сопатник, кој, во мојов случај, за жал не беше од вистинскиот живот туку од оној што може да се замисли и вообрази.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сигурно сфаќате дека кога ги спомнувам желбите и блиските, не мислам на пријателите од училишниот двор или на соучениците од клупите.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
На тој што му влегле во дворот или на стопанот? - На стопанот.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Често не спиеше ноќе, особено спроти извлекувањето: шеташе по дворот или по улици и чекаше да се раздени, да дојдат весниците.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Кога претпоставуваше дека Злата мора за излезе од дома во дворот или да оди некаде, со часови седеше скриен зад оградата од дворот и чекаше; некогаш успеваше да ја види, па дури и да ја пресретне, да ја задржи за рака барем за миг и да ѝ каже, да ѝ се заколни во што сака - дека му поминала болеста, дека не станува ноќе, но таа молчеше или расплакувајќи се, ќе му речеше: - Таа болест не поминува... вели тате.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)