девојка (имн.) - што (зам.)

Полумракот не му пречеше да ги препознае најупорните слушатели: продавачката што му го продаде првото пиво, најдобриот другар со кој се тепаше на игралиштето, девојчето што првпат го бакна, другарите – соучесници во првото пијанство и девојката што најмногу ја сакаше.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
А бре, една девојка што те сакаше некогаш, му рекле.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ние тука често седевме со девојката што предходно го чуваше. Ангела од Германија.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Тој носеше жолта акт - торба под мишка и замислено го слушаше забрзаното шепотење на онаа девојка што ги пријавуваше странките.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Впрочем јас воопшто не ѝ пријдов на девојката што ја спомнав.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Не се дотеруваше како другите негови домски другари - да спие со врзана коса, да црта ќумурни мустаќи, да пушта долги нокти на малиот прст - зашто однапред знаеше дека со ништо нема да го подобри својот физички изглед, за евентуално да го сврти вниманието на некоја од оние девојки што живееја како нив во државната установа на милосрдието и дарежливоста, само преку ѕид.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)