девојка (имн.) - или (сврз.)

И така умнијот старец, без да разберит нешчо од девојкините одгоори, си отидел зачуден и замислен, велеешчем си сам со себе: „Оваа девојка или многу умна ќе да је, или многу безумна“.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Комшијата им бил умрел, та бабата је му затворала очите - му чинела тоа, шчо никој п'т дотога не му сторила, нито пак ќе му сторит други п'т отсега.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
И така еднаш таа, познатата опасна девојка или помалку познатата можеби во овој град (како можеше таа да биде позната во овој град?), влезе во полупразното кино и седна во деветтиот ред, на третото седиште.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Сакав да го прашам од каде таков обичај низ вековите семинаристите и препишувачите првата буква од текстот да ја рисаат како жив човек, како девојка или сподобие на кое полот не може да му се одреди, како полу-жена а полу-животно, и каква нужда има од таквото украсување на текстот – соблазнување на почетокот, искушение да се чита понатаму, да се напредува во мрежата на пајакот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Од далеку не може да се разликува дали е девојка или жена; почесто со раката ја зафрлува косата зад главата, а понекогаш и со замавнување на главата како да излегува од вода; се чини како повремено да ги облизнува узните и ја отвора чантата да се види во огледалцето; на себе има шарен фустан со цвеќиња како да е дел од цветната алеа околу неа; фустнот и е затегнат и ѝ се оцртува напнатите гради како никулци што про'ртуваат.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Секогаш кога ќе станеше свесен за нов дел од телото на некоја девојка или жена – тајната што се наѕираше под подотворената или божем од негрижа подраскопчаната блуза подмамливиот јазик на облиците на дојките, чекорот на нозете, незаштитеноста на облиците на вратот, подвижувачката моќ на разнишаноста на колковите, заносното бранување со кое таа се одалечува од погледот подоткриеното колено, незамисливото и толку посакувано под сукњата на коешто не смееше ни да помисли пради невиноста на младоста...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Некои од машките геј-студенти во групата, излезе, си ја надоместуваа незаинтересираноста за зададената лектира и за дискусиите на часот на тој начин што ја украсуваа опачината на списокот за редовност со занимливи цртежи на разни соученици, одвреме-навреме и со мои портрети, нагиздени во дрег и претставени како женски ликови од Златните девојки или од Челични магнолии (слики 2 и 3).129 Тие студенти можеби и не беа обожаватели на Џуди Гарланд и на бродвејскиот мјузикл (но кој ќе ги знае?), но знаеја што сакаат.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Покусите п'тишча секога бидвеет тесни, криви и стрмни - козји п'тишча, а подалечните, подолѕите, секога се друмишча широки, прави и рамни, та ако татко је со колата поминел по некој козји п'т, можит да му се превртит колата или да му се скршит, та дури да ја испраит, дури да ја попрајт, разбират се, оти ќе се забаит.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)