дедо (имн.) - поп (имн.)

- Се струполи пред дедо попот.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Само еднаш дедо попот доби абер: војските се собирале под Беласица, над Струмичко поле.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Дедо попот чита од Евангелието, сѐ по ред запишано од Апостол Марко - како што се случило на тој Ден - ВЕЛИПЕТОК - мачни страдања на Богочовекот... молитвени зборови од СИНА до ТАТКОТО - ОЧЕ, ПРОСТИ ИМ ОТИ НЕ ЗНААТ ШТО ПРАВАТ...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Боженствен дух - во човечко тело - вели дедо попот. Вечерва ќе е и божествена вечера.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Знае дедо попот да каже зборови што ќе се паметат, што ќе го крепат народот крајезерски.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
- Со молитва и строг пост да го минеме утрешниот ден, Велјасабота - ги поучува дедо попот.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Страдна сабота е. Телото Христово, од Крстот симнато е спружено во Гробот - нели така читаше дедо попот?
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Небаре од далечина го слуша гласот на дедо попот: - Многу присутни го хулеле Христа велејќи: - Ако си Син Божји спаси се себеси!
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Најпрвин откај нашите умрени - се вртам - мама ја нема - тебе те нема, бабо мила, - ама и никој нема на гробиштана - го нема ниту дедо попот - раздавам а нема кому да раздадам.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
- Застанете! Зачекајте! - зарипнато вика дедо попот.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Присутните, почнувајќи од мудурот и дедот поп Глигорија, заплескаа со раце.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но Доста си достоја на зборот и му одговори на попот: — Дедо попе, таа манџа е од новата домаќинка готвена.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Дедот поп одржа општ парастас над сите поскури и им дрпна едно: „Вечна им памет, бог да и прости, да се живи живите, бог да и прости умрените" и Петре ги прибра и одовде поскурите, а жените си ги зедоа пчениците и застанаа пред вратата на црквата со распарчани погачи — леб, сирење, риби и други мезиња, да раздадат за душите на покојниците: да им се најде на тој век.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Затоа дедот поп Крејо, кога служеше литургија и требаше на входот да го спомене егзархискиот архиереј — владиката, викаше со сиот глас, одејќи кон Царските двери, „В первих помјани господи преосвјашченејшаго архиереја нашего — никој.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Стана ли, Петре? — Стана, дедо попе, токо ... да ми прошчаваш, коа се позадоцни воа сабајле! Знајш, како изморен и стар човек. ..
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Сѐ исто му беше на дедот поп: крштење, венчање па и умирање.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Дедот поп, како што му е редот, остана последен в црква.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Дедот поп спремен, со засукани ракави, го распови на масичката малото, ги зеде ножичките, го потстриже, го фати за главче и почна да го брчка во водата што ја донесе Гуца во ѓумот, читајќи си напамет: „Крешчаетсја раба божја . . .“ и се обрна на нунката: „Кажи нунко име“, и причека.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Бидејќи пак обајцата овие попови придружници земаа учество во неговите работи, секој ден дедот поп им делеше и ним по нешто: по една две поскури, по едно шише винце — и тие да ја поминат света неделичка мајчичка повесело.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но виде дека дедот поп рече домаќински и право е да му даде три лири кога веќе така евтино помина кај Доста.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Та по неа се управува и самиот наш дедо поп Трајко, кој ете, утре ќе стане кај полноќ, ќе излезе надвор и ќе ги фрли очите право кон Српјановец да види дали е излезена Деницата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И на сите треба до ак да им дојде овој стар дедо поп Трајко.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Дедот поп го ислуша коџабашијата и рече дека и тој одамна размислува, а кога, ете сега, тие сами го поткреваат тоа прашање, тој реши веднаш да им ја исполни желбата и да им го покаже својот наследник, на кого мисли да му го остави своето духовно стадо.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На тоа дедо поп ја отвори вратата и ги прими покајаните „деца божи во небесното царство“.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
За завеса се зедоа чаршафите од архиерејскиот намесник, дедот поп Глигорија, а публиката стоеше на она сретсело на чаирот, каде што играа на Велигден витолишките моми и ергени.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Таму сега веќе Петре беше го разгорел оганот, се направил жар достур, а и пцалтот Кушо беше го преварил дедот поп и го изнесол „воскресението“ надвор да му тропа на дедо поп кога ќе почне службата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тука беше стариот мудур, ќатипот, мулазимот, коџабашијата Лесната, Колобан, Младин, Чкулот, Мисирлијата и поп Петко — на крајниот лев агол, додека од двете страни на сцената стоеја даскалите со дедот поп Глигорија.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ги реди сите занаети „додека бабата да го разврзе крајот на црното шамивче и ги извади двата бели череци да му го плати заметот на дедот поп за работата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Меѓу селаните настава џагор. Им се виде дека изборот на дедот поп е одличен.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Од попот доби благослов и наредба да оди во црквата, да ја земе кадилницата, оти и жарот веќе стаса во оганот. Со кадилницата в раце дедот поп и Кушо влегоа в црква.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Таму затекоа две деца за крштавање пред нив, а по нив дојде уште едно, та така дедот поп Трајко оваа недела крста четири.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Лоши јазици зборуваа по село дека дедот поп си ја припитомил снаа си кога момчето ѝ го зедоа Србите војник, но тоа си беше нивна работа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Најпосле и Велигден дојде. Дедот поп Трајко неколкупати излева ноќеска да види што коа е и таман Деницата се јави над Српјановец, си ја зеде торбичката со алатите и пукарачукара, дојде во црквата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Идинајсет, дедо попе, — одговори Петре, а Попот си продолжи: — „ ... и дажд нам владико ...“ Ами виното каде е? „ ... единомислие ...“
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
– Ами чаре, дедо попе! – повикаа во еден глас сите присутни. – Чаре, не чаре, тоа е!
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ама сега Тефик нашнал. Им се пуштил на Петрета Даскалот и дедо попот.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Камбанаријата Петре ја креваше на местото што го избраа заедно со дедо попот: на тумбето под црквата, на западната страна.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
По кусо време дедо попот и Даскалот нè викнаа да одиме кај нив.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Во секој случај, сите во црквата се смраморивме кога од олтарот го чувме неговиот силен глас кој трипати повтори: „Господи помилуј, Господи помилу, Господи помилуууј...“ Не се сеќавам освен ова „Господи помилуј“ дали разбрав нешто друго ама убаво ми беше да го слушам пеењето на дедо попот.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Јас го прашав: - Го најде ли дедо попот?
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Тогаш, која јас насетив дека нешто се готви, спорот бил дали со четата и нашите селани што би заминале треба да оди и дедо попот или не.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Твоја ќе биде таа работа. Јас само благословам- рече дедо попот.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Затоа што ние дедо попот си го знаевме, нели заедно со нас писмо учеше и малку како да не верувавме оти е поп.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Здодевно ми беше цел ден да молчам и да се плашам од деда Стефан па кога го чув така да рече, го замолив мене да ме пушти да одам да го кажам тоа што треба да му кажам на дедо попот.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Тефик, изгледа се заинтересирал и тргнал по загарот кој го довел право во манастирот кај дедо попот и Петрета Даскалот.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Додека така игравме, дојде дедо попот.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
- Знам- рече дедо попот. – Ти ќе си се допрашаш со селото и тоа ќе рече ти како што ќе му кажеш.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Ама стрико Симо веќе знаеше: дедо попот и Петре Даскалот му беа кажале.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Како што ни подбегнуваше, таа неочекувано потрча кон влезот во даскалницата кај што во вратата разговараа дедо попот и Петре Даскалот и застана на неколку чекори од нив со главата крената небаре ги прислушува што зборуваат.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
- Е сега уште Ѕвезда да биде дедо попот...
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Добар човек ми се гледаше дедо попот, ама јас тогаш тоа не го знаев.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Мене најмногу ме зарадува што тука меѓу луѓето го видов и Килета на дедо попот кој, во едно струнено вреќе, собираше деланки.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
- Дедо попот во меѓувреме си јадеше барабар со Килета.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
- А зар не сме, -рече дедо попот и притоа срната потскокна од местото и пак почна да нѐ наманува нас децата заигрувајќи нѐ уште поживо, па ние почнавме да се потиме, ама не престанавме да ја играме играта што ни ја наметнуваше таа.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Еднаш го чув дедо Геро Војвода кога горе во манастирот им рече на Петрета Даскалот и на дедо попот: „Јас не знам Брановци што чекаат’’.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Дедо попот, господи прости ми, имаше погана уста, како што се вели.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Кога Турците заминаа далу надолу, му ја дадовме срната на Килета од дедо попот да ја врати во манастирот, а ние си отидовме дома.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)