дел (имн.) - го (зам.)

Трајковиот дел го зеде Митра да го работи „наполу“, едно за него — едно за неа, оти тие со Стоја се поголема тајфа, та „да може да чкрипне некој и друг лакот за тие црвците децата“.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Патувањето на Климент Камилски во Париз, макар што беше со строга намена, во еден дел го сметаше како свое.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сите, посебно оној понежен дел го посакуваа како нафора по пост.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Вториот дел го обележува пресвртот кон современата континентална философија и поголемите потенцијали за феминистичката философија кои лежат таму.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
3. Кога пишувам, секој дел го означувам со број. Така си ги организирам мислите.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Местото наземи, мегу четирите столбови целото беше послано со калдрма, а насреде имаше поставено крст што тој во делови го направи од црвеница замесена со кал, обликувана во елови за крст и печена прво во фурна, а потоа држана на жар.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Биле формирани 70 нови градови од кои поголемиот дел го носеле неговото име.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Пресветло Величество! Понизно му посветувам на Вашето Величество една музичка понадица, од која најблагородниот дел го создаде пресветлата рака на Вашето Височество.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Овој дел го напиша Мари Ен Рајт, која што тој ја опишува како „рејвер со две дипломи“.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Сандерс признава дека, како 57-годишник, самиот не е најквалификуван да пишува за тоа.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
На синот- наратор, кој ја наследи татковата библиотека, враќајќи се од своите дипломатски мисии, како амбасадор на двете држави кои во голем дел го обележаа животот на бегалското семејство - Југославија и Македонија, кои го ширеа кругот на семејниот егзил, продолжи да трага по преостанатите тајни во татковата библиотека, кои не можеше да ги провери во животот, посебно обземен од наследената таткова опсесија да трага по тајните на владеењето, за кои балканската историја нудеше безброј искуства.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Не ги ни засука ракавите кога ја нурна во водата и со долниот дел го поклопи падобранот од тоалетна хартија и којзнае уште што друго под него.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Но, тактиката излезе сосем беспотребна.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)