дел (имн.) - каде (предл.)

Се правеа потери: се опколуваа и пребаруваа сите места во селото и околу него, се правеа проверки и во другите села, упаѓаа џандарите ненадејно во куќите, плевните, кошарите, бачилата, пештерите, се пребаруваше секое делче каде што се претпоставуваше дека Анко се крие, но безуспешно.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
- Мирувај! Сега ќе проверам дали е сѐ во ред. - ја смируваше Виктор додека го проверуваше секој дел каде што Ивона чувствуваше болка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Влеговме и седнавме во вип делот каде што веќе беа дојдени Стомачето и Тигрестата опаковка.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)